Од машки агол: 5 работи кои ги кажуваат жените и ни се преку глава

Другар ми е убеден дека никогаш нема да ги сфати жените, ама додека се обидува, барем знае дека 5 работи кои женскиот род постојано ги повторува се очајни, глупави и треба да ги надраснеме. Неодамна си направил и список, и беше доволно добар да го сподели со мене.

Od-maski-agol-5-raboti-koi-gi-kazuvaat-zenite-i-ni-se-preku-glava-01.jpg

Остана само гласно да се насмеам и тивко да се запрашам: Колку другар ми е во право?

Ако не знае да ми го погоди прстенот, не е вистинскиот

Ова ни било од многу гледање Кери Бредшо. Дури и тој научил од каде сме ја позајмиле оваа бесмислена изјава. Ми порача да пораснеме, дека не се венчаваме со прстенот, туку со личноста, дека други работи се далеку поважни од тоа дали прстенот е бело злато, жолто или некое си розово, дали е со 3 циркончиња или со 10, светка ли, ќе љубоморат ли другарките. Вистината е дека прстенот е најмалку важен и шансите се 99% дека ќе каде ДА, макар ја побарал и со ламаринен или пластичен прстен. Дури ќе се фали подоцна дека било толку спонтано и романтично. Така што, доста со тој прстен!


Пијам исклучиво виски!

Дали си сериозна? Секако дека си. Ти си сериозна лажга. Пиеш кога јас го плаќам, вели другар ми. Кога сама си плаќаш, си нарачуваш пиво или чаша вино како и остатокот од нормалниот свет. Не се фали наоколу со оваа изјава, затоа што ако ти ставам 5 различни чаши пијалак со иста боја како твоето фамозно виски, тешко дека од прва ќе го погодиш твоето најомилено.


Нема да се налутам ако ми кажеш дека сум се здебелила

Трик прашање, стапица и не наседнувајте, вели другар ми. Секако дека ќе се налути. Ќе глуми дека не е лута, а во себе ќе врие и ќе посака да имате запек или дијареја 3 дена по ред. Ќе познаете по нејзините оправдувања – пред добивање е, во ПМС е, има зголемен апетит, подуена е, не успеала да вежба последниве неколку денови, затоа има качено некое кило... Има само еден одговор на ова прашање: „Мене си ми иста“. Точка.


Не ми е важно колку заработува мажот

Секако дека ти е важно. Секако дека е општо важно. Ќе се сакаме, ама од љубов и гушкање не може да се живее. Сега не ти е важно. Кога ќе дојдат сметки, кога ќе треба да се наполни фрижидерот, да се оди на родендени и свадби, кога ќе сакаш подароци за годишнина, да те однесам на некое патување или да си ги купиш тие нови чевли по кои воздивнуваш како дете по сладолед, секако дека ќе биде страшно важно. И не само колку заработувам јас, туку и ти. Колку заработуваме ние заедно.


Ме гледаш мене како гледам по други мажи?

Нормално дека те гледам како понекогаш загледуваш други мажи. И погоди што – во ред е. Во ред е да се свртиш по некоја згоден убав маж кој ќе ти го фати окото. Нема грев во гледање. Убавите работи се за гледање. И ние гледаме во убави жени, и вие уште повеќе, одмерувајќи ја, прашувајќи се од каде ѝ е таа чанта и колку ѝ е убава косата. И нема ништо страшно, ниту перверзно во тоа. Сигурно нема да потрчаш по тој згоден маж, како што јас нема да направам ништо со убавата девојка која штотоуку нè одминала, освен што ќе ѝ фрлам еден поглед. И толку.

Па девојки? Имате да кажете нешто?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg