10 работи кои секоја жена треба да ги знае за машкиот мозок

Машкиот мозок значително се менува во текот на животот и претставува целосна спротивност на идејата дека единственото нешто на кое постојано мислат мажите е сексот.

10-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-za-maskiot-mozok-1.jpg

Во главата на мажите се вртат многу работи кои понекогаш за жените се навистина несфатливи и никако не можат да си ги објаснат себеси.

Следниот пат кога ќе помислите дека тој воопшто не размислува на ништо, имајте ги предвид следните 10 важни работи кои ги окупираат неговите мисли:

1. Мажите сакаат стабилност

Обично се вели дека жените се ониe кои сакаат да се смират, а дека мажите целиот свој живот сакаат да дивеат и лудуваат. Сепак, мажите после 30-тите првенствено се фокусираат на работата и семејството. Се разбира на некои луѓе им е потешко да се врзат за некого, но сепак и тоа ќе се случи еден ден.

2. Кој е шеф?

Нестабилна хиерархија може да предизвика вознемиреност кај голем број на мажи. Јасно дефинираниот синџир на наредби, како оној кој се практикува во војската или на голем број работни места, го намалува нивото на тестостерон и ја намалува појавата на агресија кај мажите.

3. Татковството ги менува хормоните

Машкиот мозок станува особено подготвен да соработува во месеците пред да стане татко. Во овој период, кај мажите доаѓа до појава на хормонални промени - зголемување на нивото на пролактин, а намалување на нивото на тестостерон, кој го промовира родителското однесување.

4. Постариот машки мозок е кул

Мажите се натпреваруваат околу жените и статусот додека се помлади, но во подоцнежните години на прво место се ставаат соработката и пријателство. Неколку истражувања дури покажале дека постарите мажи не се заинтересирани за конкуренција од кој било вид. Наместо тоа, вниманието им го привлекуваат врските и подобрувањето на заедниците во кои тие живеат.

5. Татко и игра – совршена комбинација

Уникатниот начин на игра меѓу татковците и децата (спонтаност, задевање, итн.) може да им помогне на децата подобро да учат, да бидат самоуверени и подготвени за реалниот свет. Исто така, татковците кои имаат активна улога на родител имаат пониско ниво на тестостерон, а како резултат на тоа се постабилни и позадоволни членови на општеството.

6. Одбрана на територија

Една од задачите на мажите, зборувајќи во поглед на еволуцијата, е одбрана на територијата.  Иако и жените се посесивни, мажите можат да станат насилни кога некој се заканува врз нивниот љубовен живот или територија.

7. Зјапањето по други жени е неизбежно

Тестостеронот го „нарушува“ делот од мозокот одговорен за контролирање на импулсите, но кај мај мажите тоа е шест пати повеќе изразено отколку кај жените. Ова ќе ви објасни зошто мажите зјапаат во други жени - тоа се случува автоматски, а доказ за тоа е дека тие често забораваат на истите кога тие им се надвор од видното поле.

8. Фокусирани на решенијата

Иако повеќето истражувања покажуваат дека жените се почувствителни од мажите, тоа не е целосно точно. И машкиот мозок подеднакво чувствително реагира кога некој е во стресна ситуација или има проблем. Сепак, мажите ќе посветат многу повеќе внимание на тоа како да се реши проблемот, отколку што ќе бидат нечие рамо за плачење.

9. Чувствителни на осаменост - животот со нивната сопруга претставува вистинска терапија!

Осаменоста влијае повеќе кај мажите отколку кај жените, бидејќи мажите се секогаш помалку заинтересирани за социјални контакти и создавање нови пријателства. Заради тоа живеењето со нивната жена всушност е многу корисно за нив и има еден вид терапевтско влијание.

10. И мажите имаат емоции

Мажите имаат многу посилни емотивни реакции, но само пред тие да станат свесни за своите чувства. Мажите учат како да ги скријат своите емоции, затоа што повеќето култури создале перцепција дека мажите кои покажуваат чувства се „помалку“ мажи од другите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg