Не се плашите кога не се согласувате: 15 знаци дека ви е „судено” да бидете заедно

Одлуката дали навистина сте вистински подготвени да се посветите некому е длабока и лична одлука, и секој има различни критериуми за утврдување за тоа дали на врската ѝ е „судено” да преживее.

15-znaci-deka-vi-e-sudeno-da-bidete-zaedno-01

Сепак, како тоа да го определите на „најлесниот” начин? Доколку ја препознаете вашата врска во повеќето од следните петнаесет знаци, вашата врска е предодредена да преживее.

Разговарате за работи кои не сте ги кажале на никој друг. Желбата да му кажете интимни детали од вашиот живот значи дека можете да му верувате, што е главна компонента за долга и успешна врска.

Дозволувате да ги види вашите моменти на слабост. Кога сè во животот оди според плановите, лесно е да се биде среќен. Сепак, што се случува кога работите не се толку лесни и едноставни? Сакате ли да го видите кога сте тажни и кога не се чувствувате толку добро? Тој треба да ви биде утеха во тешките моменти, а не товар.

Го почитувате. Не сакате да го промените. Можеби постојат работи што секојдневно ве иритираат, но вие го сакате, чисто и едноставно.

Сакате да го запознаете со најблиските. Горди сте на него и сакаат да го „покажете” (што е спротивно од чувството да барате изговор зошто тој не е покрај вас на важен семеен собир).

Можете да си ја замислите заедничката иднина. Не морате да вежбате да го пишувате вашето име со неговото презиме, но дали повремено го замислувате вашиот заеднички живот и иднина? Дали тој живот ви изгледа убаво?

Не се плашите да не се согласувате со него. Знаете дека тој дури и кога нема да се согласувате ќе ве ислуша. Тој ве сфаќа сериозно, дури и кога не сте во право.

Сакате да се ослободите од вашите главни разлики. Ако имате клучни разлики кои ќе влијаат на вашата заедничка иднина (различни верувања околу религијата, пари, семејство, итн.), вие сакате да се „ослободите” од нив и верувате дека може да излезете со решение што ќе биде задоволително за двајцата.

Тој ви е неверојатно, исклучително и крајно привлечен. „Хемијата” е несомнено суштински елемент во една здрава врска. А што ако тој не се вклопува во вашиот вообичаен „тип на маж”? Уште една причина да верувате дека тој е „оној вистинскиот”.

Во ред е кога молчите. Не чувствувате дека просторот помеѓу вас треба да го пополните со разговор или други начини на интеракција. Сосема е нормално кога ќе може да бидете тивки еден покрај друг.

Покрај него, се чувствувате она што навистина сте. Немате чувство дека треба да се мислите што да кажете, не се чувствувате напнато или вознемирено поради тоа што ќе кажете или направите. Може да бидете баш онакви какви што навистина сте.

Потребен ви е во „доволни количини”. Копнеете за него, но не премногу. Одреден вид на потреба е во ред, но премногу може да биде причина за фрустрација.

Не се чувствувате премногу љубоморно. Сосема е во ред за вас кога тој излегува со неговите пријатели (и пријателки). Си „дозволувате” еден на друг да имате свој живот и хоби.

Имате чувство дека ве прави подобар човек. Поради неговото „влијание” се чувствувате позабавни, покреативни, подуховити, пооптимистични – најдобра верзија од себе. Имате чувство како тој да ги надополнува најдобрите делови од вашата личност.

Тој едноставно ве разбира. Понекогаш тоа е толку едноставно. Имате чувство дека тој ја разбира во суштина вашата личност, која не можете да ја објасните или артикулирате. Тоа е топло и пријатно чувство кое треба да го имате со личноста со која планирате да го поминете остатокот од својот живот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg