20 работи кои ќе ви помогнат љубовната врска да трае засекогаш

Откако еден маж ја изгубил својата сопруга по 16 години брак, открил што е она што му недостасувало.

20-raboti-koi-ke-vi-pomognat-ljubovnata-vrska-da-trae-zasekogas-1.jpg

На Фејсбук испишал писмо кое содржело 20 потточки и се надева дека токму тие ќе имаат моќ да ви ја спасат врската ако некогаш затреба.

„Откако ја изгубив жената која ја сакав, по брак од речиси 16 години, овие совети требаше да ги знам на памет...“

1. Никогаш не престанувајте да се состанувате. Не престанувајте со додворување. Никогаш не го сфаќајте партнерот „здраво за готово“. Тој или таа ве одбрал/а вас и тоа е доволна причина вашата љубов никогаш да не стане мрзелива.

2. Штитете го сопственото срце. Баш како што го штитите срцето на партнерот. Неопходно е да се чувате со иста грижа и да се сакате целосно пред да направите простор за некој друг.

3. Заљубувајте се одново и одново. Тогаш ќе сфатите дека постојано се менувате. Не сте истата личност пред 1 година, уште помалку пред 5. Промените ќе доаѓаат и ќе се случуваат, но важно е да разберете дека љубовта ви е непроменлива. Партнерот не МОРА да остане со вас, туку треба да сака да остане со вас. Затоа секогаш борете се за него/неа баш како на почетокот.

4. Секогаш гледајте го најдоброто во другиот. Фокусирајте се на она што го сакате. Колку повеќе се фокусирате на работите кои ви пречат, толку нивниот број ќе се зголемува. Фокусирајте се до точка кога повеќе нема да гледате ништо друго освен љубов. Само тогаш ќе знаете дека сте најсреќниот човек на светот со партнер каков сите посакуваат.

5. Не е ваша работа да го поправите партнерот. Ваша работа е да го сакате без да го терате да се промени.

6. Земете ги емоциите во свои раце. Партнерот не е задолжен за вие да бидете среќни и тој или таа не може да ве направи несреќни. Вие сте одговорни за своите емоции и чувствата кои ги пренесувате во љубовната врска.

7. Никогаш не го/ја обвинувајте ако сте лути или фрустрирани. Затоа што тоа се случува во вас. Тоа се ваши емоции. Ваши мисли. Ваши проблеми. Ниту еден човек на светов не може да ви ги реши личните проблеми, па затоа не би ни требало да биде обвинет за истите.

8. Дозволете му на партнерот да биде она што сака во моментот. Кога е тажен или вознемирен, не пробувајте да го поправите. Ваша работа е да го прегрнете и да кажете дека се ќе биде во ред. Само не бегајте кога работите ќе станат тешки. Останете присебни и докажете дека не одите никаде. Слушајте и имајте разбирање. Ништо повеќе.

9. Бидете несериозни и детинести. Смејте се. Натерајте го/ја да се смее од сè срце. Смеењето прави сè да биде полесно.

10. Хранете ја неговата/нејзината душа секојдневно. Научете го јазикот на љубовта и преку него покажете колку го цените партнерот. Правете по барем една работа секој ден која ќе го/ја натера да се чувствува бесценето.

20-raboti-koi-ke-vi-pomognat-ljubovnata-vrska-da-trae-zasekogas-2.jpg

11. Бидете присутни. Вложете многу повеќе од само време. Вложете се со цела своја душа, фокусирајте се и посветете внимание. Третирајте го/ја како да е најважното нешто во вашиот живот. Затоа што е.

12. Бидете подготвени да ја возвишите неговата/нејзината сексуалност. Предадете се на неговата машкост. Растопете ја нејзината женственост. Изгубете се во играта на сексуални мисли и допири. Секојдневно.

13. Не бидете идиот. Ќе направите грешки, а веројатно ќе направи и партнерот. Важно е да научите од она што ќе го згрешите. Не би требало да бидете совршени, но не би требало ниту да бидете глупави.

14. Дајте си простор. Понекогаш по премногу вложување и давање, потребен ви е простор и време во кое ќе закрепнете. Понекогаш ќе сакате сами да изгледате филм, да испиете кафе, да излезете на ручек... Разберете дека одвоеното време не е ослабување на врската.

15. Бидете ранливи. Не секогаш мора сè да ви биде под конец. Бидете подготвени да ги кажете вашите емоции и стравови, како и да се покаете за големите грешки.

16. Бидете отворени. Ако сакате да создадете доверба, мора да споделите сè. Посебно работите кои не ви се најпријатни за споделување. Потребна е храброст да се сака, целосно да се отвори срцето и да му дозволите на партнерот да го засака она од што и вие самите се плашите. Изгаснете ги светлата и отворете ја вашата темна страна. Само тогаш ќе сфатите какви нови димензии може да добие љубовта.

17. Не престанувајте да растете. Атрофијата е природен процес кога некој мускул престанува да работи, баш како она што ќе и се случи на вашата врска ако не се надградувате. Најдете заеднички цели, соништа и визии кон кои ќе се движите.

18. Не се грижете за парите. Парите се само игра во која ќе победите ако работите како тим. Никогаш не е од помош кога соиграчите се караат.

19. Простувајте инстантно. Не бидете заложнци на минатото. Слободата се крие во простувањето.

20. Секогаш одбирајте љубов. Љубов. И само љубов. На крајот, ова е единствениот совет кој ви треба. Ако се борите за врската по овој прицип, тогаш ништо и никој нема да биде закана за истата. Љубовта секогаш е вредна за да поднесете било што.

20-raboti-koi-ke-vi-pomognat-ljubovnata-vrska-da-trae-zasekogas-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Чекајте барем 6 недели, користете лубриканти – Што треба да знаете за интимните односи по породување... Штотуку сте донеле на свет нов живот, па нормално е да чувствувате промени, како...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg