5 работи за вашата љубовна врска кои не треба да ги раскажувате на другите
Во животот научете својата приватност да ја чувате само за себе, за неа не треба да знаат дури ни најблиските пријатели, а сигурно не сакате за неа да знае било кој од луѓето кои ги познавате.
Знаете дека работите остануваат тајна ако се случат само помеѓу двајца, а доколку се вмеша трет, правилото „не кажувај на никого” кога тогаш ќе престане да работи и вашите најсочни детали ќе се најдат пред очите на останатите кога најмалку очекувате.
Ако сакате да останете во долгогодишна врска научете овие 5 работи да ги чувате за себе:
Приватниот живот на вашиот партнер
Кога некој ќе се отвори, особено ако тоа доаѓа од оној кој во моментот ви значи сѐ и ве замоли тоа да остане меѓу вас, тоа едноставно е договор кој при ниту еден услов не треба да го прекршите.
Ако не ги почитувате желбите на вашиот партнер тоа значи дека вашата врска нема да трае долго, особено ако зборовите кои ви ги доверил ги слушне од некој сосема трет.
За да ја задржите довербата и да направите вашиот партнер потполно да ви верува, тајните кои ги имате меѓу себе, нека останат меѓу вас, никој друг не мора и не треба да знае. Тоа е една приватност која заедно треба да ја штитите.
Она што се случува во спалната
Ако имате секс за првпат, нормално е да се распрашате за останатите искуства на другите, но ако бидете запрашани како вам тоа ви се случило или едноставно каков е сексот со вашиот партнер, тогаш избегнете од навлегување во детали . Одберете некој дипломатски одговор со кој ќе се извадите од несаканата ситуација, а сепак ќе одговорите на прашањето.
Позите кои ги пробувате во креветот, игрите, предигрите, улогите кои си ги доделувате се ваша приватност која не би требало да ја знаат другите, бидејќи на тој начин ќе ја нарушите хемијата која ја имате пред и за време на сексот. Многумина имаат навика да раскажуваат за нивните искуства, дури и ако тоа бил само еден обичен бакнеж, но ако планирате да останете долго со личноста која е крај вас, избегнувајте споделување на вашата интима.
Вашиот парнтер не би сакал вашите пријатели да знаат како изгледа неговото тело сосема голо, неговите аномалии или атрибути и за тоа како тој се однесува во креветот. Имајте на ум дека со пријателите можете да се скарате и сите тие детали да протечат во јавноста, а единствени повредени да бидете вие, а најмногу вашиот партнер. Сочните детали од сексот не треба да бидат приказна со која ќе се фалите пред останатите.
Не дискутирајте со останатите за секоја ваша мала кавга
Понекогаш е добро да побарате совет од останатите за некои постапки во вашата врска, но не мора секогаш да бидете оние кои дрдорат за секое мало несогласување со парнтерот. Сите во животот се соочуваме со мали несогласувања, но ако постојано раскажуваме за истите, тоа не може да заврши добро, барем не за врската во која моментално се наоѓате.
Чувајте ги малите недоразбирања за себе, на тој начин ќе научите како сами да ги контролирате и надминете, без влијание од луѓето кои ве опкружуваат.
Нешто што вашиот партнер не знае
Ако ве нервира фактот што вашиот партнер е невработен или ви пречи фактот што долго време поминува во вашиот дом без претходен договор за заедничко живеење, тоа се работи кои треба да ги дискутирате лично со вашиот парнтер.
Ако вашите пријатели знаат за овие помешани емоции кои ги имате тие ќе сметаат дека вие сте во несреќни и со своите добронамерни постапки сигурно ќе ве наведат да раскинете. Затоа ако имате било квакви проблеми со вашиот парнтер тоа треба да му го кажете лично, па можеби ќе влијаете на позитивен начин и работите кои ви сметаат ќе се променат.
Колку заработува вашиот партнер
Оваа информација е строго доверлива и вие не треба доброволно да ја кажете. Впрочем која е потребата вашите пријатели да знаат за приходите на вашиот партнер? Сигурно нема да го израдувате ако кажете дека вашите пријатели знаат колку пари стигнуваат на неговата сметка. Тоа може да предизвика само непотребен конфликт кој може лошо да влијае на вашата врска.
Кога сте во врска, треба да сфатите дека она што го зборувате за вашиот парнер е исто како да зборувате за себе. Секоја тајна и секоја работа која ќе ја кажете за вашиот партнер пред останатите е како да ја кажувате својата најдлабока тајна на сите околу, а сите знаеме дека тоа може само да се одбие како бумеранг од нашата глава.
Н. Буџак | Црнобело