Сѐ што ми треба е обележје од твојот кармин на мојата бела кошула

Луѓето понекогаш знаат да бидат без срце, а кога зборувам за такви луѓе не мислам на оние во мртовечницата кои ги облекуваат во најубавите парчиња облека за нивното испраќање, туку за оние кои бесрамно чекорат по земјата.

se-sto-mi-treba-e-obelezje-od-tvojot-karmin-na-mojata-bela-kosula-1.jpg

Знаеа да бидат и ладни како камен, во моменти кога требаше да бидат нечие сонце. Не кажуваа кој им кажал, но знаеја....

Колку и да се обидуваме да негираме, сите на некој начин бевме слични на останатите, во моментите кога усните требаа да се мрдаат и да ги изговорат најубавите работи, тие стоеа цврсто залепени верувајќи дека така е правилно. Иако мразев да признаам, и јас бев еден од нив.

Ако никогаш не забележа, јас обожував да се будам од левата страна на твојот кревет, обвиткан со бел чаршав, искрена насмевка, легнат близу твојата руса коса. Сѐ што чекав беше да ги отвориш очите во кои можев да видам дека навистина постојам. Додека спиеше ми доаѓаа тие реченици, но се плашев да те разбудам, ми беше жал да ја нарушам таа совршена хармонија во тоа несовршено суштество.

Ноќите со тебе поминуваа како секунди, некако се ми се чинеше дека ако трепнев ќе се најдев во мојот дом, а ти таму некаде далеку.

Ја сакав магијата која ја спојуваше мојата пот, како капка исцелителна за твоето тело, извајано да заведува. Ги слушав воздишките секогаш кога не беше крај мене, тоа забавено и забрзано дишење кое беше наша тајна порака во ноќта додека сите спиеја. Колку и да сакав сето тоа да ти го кажам, некако не успевав криејќи го во себе, како моја приватна сопственост.

Секогаш ќе ги зариеше ноктите на мојот грб, како казна за моето неискажување на вистинските чувства и ќе ги зариеше твоите заби во мојот врат со цел да ги извлечеш информациите кои течат во овие вени. Но, човек со студено срце не може да има крв во која ќе течат љубовни мисли. Иако те сакав, не можев тоа јавно да го кажам. Како моите чувства да беа мои и никој никогаш не смееше да ги дознае. Не ме прашувај, ни сам не би знаел зошто.

Сега кога ќе помислам, навистина изгледа неправедно моето тркалање во твојот кревет и твојот кармин на мојата кошула, без соодветен крај. Ние бевме драма во еден чин, а колку текст може да има еден чин, доволно за почеток и крај. Како еден циклус кој се повторуваше секогаш кога ќе се сретенеме. Ние бевме како лек после напорна работа, а од сето тоа како на двајцата само сексот да ни беше важен.

Но, како што минуваше времето, понесов четка за заби во твојот стан, иако ти негодуваше, а потоа на ист начин ми возврати. Кога ќе си заминеше разбирав дека јас не сакам да го тргнам твојот црвен кармин од моите бели кошули. Тие беа сувенири кои сакав да ги обновувам постојано.

Сакав да те зграбам и да те фрлам во креветот, да те љубам додека здивот не ти застане, да бидам крај тебе, кога сите ќе си заминат. Да делиме една страст која ќе руши се пред себе.

Гледаш, чудни сме ние луѓето, се оградуваме од сѐ, под изговор дека тоа е судбина, за да сфатиме дека таквото оградување е всушност пречка која доаѓа од мозокот, а срцето зборува сосема спротивно и како вечно да сме во таква борба, како тоа да е заплетот на секој наш чекор во животот. Како тоа да сме ние, луѓето желни за љубов и внимание, но прилично неспособни истото да го дадат секој ден од себе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg