Што се случува кога ќе за заљубите?

Секој од нас барем за кратко почувствувал како е да се замрзне крвта, да се испреплете јазикот кога ќе дојдете во контакт со личноста со која се замислувате дека ги правите најлудите работи на целиот свет.

sto-se-slucuva-koga-ke-se-zaljubite-01

Ако сте во процес на остварување на сериозна врска или едноставно сте во процес на откривање и запознавање на сипматијата која ви го украла срцето, тогаш сигурно ќе се пронајдете во следните работи кои се случуваат благодарение на едно од најубавите чувства на целиот свет - љубовта:


Вашите мисли при будење и заспивање се насочени кај некој друг

Ако претходно сте се прашувале што сакате да правите пред спиење или што ќе носите наредното утро, откако ќе се заљубите тоа го нема. Вашите мисли се постојано насочени кон личноста која го окупирала вашето срце.

Од моментот кога ќе се разбудите до моментот кога заспивате, личноста која ја сакате има под опсада дел од вашиот мозок. Тоа е еден интересен феномен, бидејќи од многуте работи на коишто може да мисли, тој одбира една и единствена личност.

Всушност тоа го прави автоматски и потсвесно, а сепак изгледа како да е програмиран. Колку и да звучи лудо, убаво е да помислите и на некој друг освен себеси нели?


Постојаното смеење кога останувате сами

Сите сме го преживеале тој процес и сме биле во близина на нашите другари/другарки кога го преживувале. Сигурно паметите дека пишувавте пораки еден на друг и постојано се смеевте зјапаќи во екранот и она што е напишано таму.

Всушност насмевката кога ќе видите работа поврзана со оној кој се врежал во вашето срце е една од основните работи на заљубувањето. Без да сте свесни доживувате, чудни вибрации на среќа, дури и кога не сте физички присутни до таа личност.

Смеењето може да е предизвикано од песна која сте ја слушале, слика која сте ја гледале на Фејсбук или едноставно затоа што само сте помислиле на таа личност.

Можеби луѓето ќе се обидуваат да се шегуваат со вас за вашата насмевка и среќа, обидувајќи се да дознаат кој е вашиот избраник/избраничка, но вас едноставно не ви е гајле што мислат останатите.


Вашите хормони полудуваат

Срцето ви чука забрзано, образите ви се црвени и имате почесто пот на челото, а главата ви е на сто различни места и не можете да се приберете. Не грижете се, тоа е благодарение на хормоните кои протекуваат низ вашиот мозок кога ќе се заљубите.

Тоа ве остава со чувство на еуфорија и отсутност во сегашноста, а тука не можете да направите ништо, бидејќи едноставно љубовта ве полудува, на позитивен начин.


Се грижите повеќе за вашиот изглед

Можеби пред да се заљубите имавте навика да ги облечете омилените тренерки и да излезете на дневна прошетка без да ја наместите вашата фризура, носејќи спортски патики, затоа што можеби немавте за кого да изгледате одлично.

Но откако ќе се заљубите тоа ќе ви стане опсесија, која кошула на кои фармерки одговара, каква фризура имате и ја проверувате можеби десет пати пред да излезете, кои чевли или патики да ги облечете, сето тоа ви станува опсесија заради една и единствена цел, да го импресионирате оној во кој сте се заљубиле.


Правите работи кои дотогаш никогаш не би ги направиле

Ако претходно сте биле разумна личност, но откако ќе се заљубите работите се малку поинакви. Вие сте во состојба да го прошетате целиот град со букетот кој сте го избрале за неа или да направите огромна тепачка во редот за да стигнете да ги купите картите за неговиот омилен филм.

Тоа не е чудно бидејќи е опишано како едно од својствата на љубовта, односно личноста која e заљубена има тенденција да прави засрамувачки работи, нешто што не би направила претходно. Сега тоа сe прави без размислување, бидејќи оној кој е заљубен прави сè да ја усреќи личноста во која е заљубен, без разлика што мислат другите.

Колку и да е чудно за останатите, за вас сето тоа има смисла и е дел од вашата љубовна сложувалка. Колку и да делувате отсутни во вашето друштво и колку и да се подбиваат другарите со она што ви се случува, вие едноставно не сакате да престане. Бидејќи сте среќни што сте нашле некој со кој можете да замислите иднина која вреди да се доживее.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg