Страст vs. Љубов: Како да ја препознаете разликата?
Разликата може да изгледа мала, но всушност е огромна.
Вистинската дефиниција за страст е „интензивна, но краткотрајна привлечност или восхит кон некого или кон нешто“. Вистинската дефиниција за љубов е „интензивно чувство на длабока љубов и наклонетост“.
Ова се неколку разлики со чија помош ќе ја разликувате страста од љубовта:
# 1 Страста се случува брзо и најчесто се поврзува со „љубов на прв поглед“. Љубовта е бавен процес. Но, и двете работи можат да бидат поврзани. Страста е честа појава пред вљубувањето. Но, важната разлика е дека љубовта доаѓа многу подоцна. Ако навистина сте вљубени во некого ќе ви биде потребно време да ги развиете своите чувства кон таа личност.
# 2 Страста е само површна наклонетост. Бидејќи може да се појави дури и кога не го познавате добро човекот. Ова значи дека сè се базира на физичкиот изглед.
# 3 Љубовта е "подлабока" врска со некого. Се јавува кога навистина ќе запознаете некого. Се работи за поврзување на лично ниво, а не на сексуално.
# 4 Страста предизвикува да дејствувате поинаку отколку што сте навикнати. Предизвикува вознемиреност, возбуда и силни чувства. Правите и кажувате работи кои инаку не би ги правеле.
# 5 Страста ве тера да сакате да ги задоволите другите.
# 6 Љубовта прави да сакате да ги направите другите луѓе среќни.
# 7 Љубовта значи "ние". Кога зборувате користите заменки од типот на "нас" и "ние", бидејќи чувствувате рамноправност. За разлика од тоа, во страста нема таква целина.
М. А. | Црнобело