Постојат само 4 типа на врски: Каква е вашата, а која најдолго трае?
Според едно истражување врз 376 парови кое траело 9 месеци, истражувачите заклучиле дека постојат само 4 типа на врски и партнерства.
Секој пар припаѓа на еден од нив, а она што е најинтересно е дека само еден тип на врска најдолго трае.
Дали сте токму во неа?
1. Драматични парови
Драматичните парови, како што претпоставувате, често запаѓаат во конфликти. Тие главно донесуваат одлуки кога се разочарани и негативни. Често ја обвинуваат другата страна за неверство и бараат грешки кај другата личност, за на тој начин да ја зголемат драматичноста. Во ретки случаи ваквите парови остваруваат подлабока врска.
2. Парови кои постојано се караат
Овој тип на пар е постојано во несогласување. Постојано балансираат помеѓу конфликтите и страстите. Додека кавгите ги раздвојуваат, страста ги поврзува, и така во еден магичен круг додека еден од партнерите не реши да стави точка. Овој тип на врска не е долготрајна.
3. Друштвено ангажирани парови
Забавните и друштвени парови до одредена мерка слични со следните, партнерски ориентираните, затоа што се среќни и задоволни со меѓусебниот однос и ретко кога запаѓаат во конфликти. Овие парови делат друштвена мрежа и се потпираат на таа мрежа за полесно да донесуваат одлуки.
4. Партнерски ориентирани парови
Овие среќници се најскладниот пар кој може да постои и имаат најголеми шанси успешно да завршат. Тие се вклучени целосно во животот на другиот партнер, а секој новитет го користат за да ја продлабочат поврзаноста. Внимателни се и имаат разбирање за својот партнер. Преферираат заеднички поминато време, отколку комуникација по социјални мрежи.
Каде се пронајдовте со партнерот?
М. Д. | Црнобело