Имам лузни од заби по телото, како вечно обележје кое не сакам да избледе
Повторно немирно спијам, којзнае кој ден по ред. Се будам среде ноќ, облеан во потта која настанува без причина, нема кошмари, нема ниту убави сни.
Огромна тежина ја мачи мојата душа. Колку и да се обидувам да негирам, ми недостига твоето присуство. Без разлика што многу пати го сетирав мојот разум дека треба да научам да ги живеам моментите кога сме одвоени целосно фокусиран, но едноставно телото ја одбива таа теза.
Лежам во постела, немирно штракајќи по бројките на телефонот, а од него зрачи единствената светлина која продира во собата. Се друго е тивко, како светот да паднал во тврд сон, а јас сум останал единствениот спасен од таа клета магија.
Сакам да ти ѕвонам, да ти го слушнам гласот, да те повикам на ноќно дружење, бидејќи ти стана воздухот кој ми беше потребен за да преживеам. Без тебе се гушев.
Не можам да издржам, доцна во ноќта како немирен крадец се облекувам со цел да стигнам до тебе. Знам дека ниту ти неможеш да ја издржиш таа сексуална тензија која останува да не бранува со денови. Со месеци планирам што ќе кажам, како да ти покажам, што чувствуваш, едноставно премногу информации, доволно за да не можам да спијам мирно.
Стигнувам и како во романтична комедија удирам со камчиња по прозорот. Ти не спиеш, знаев дека нема да спиеш. Твојата пасија за читање книги е поголема од твојата желба за долг сон. Ме гледаш и се смееш, знаејќи што ме мачи, бидејќи и тебе те мачи истото.
Ја отвораш вратата и се втурнуваш во моето тело без да изговориш збор. Јас не можам да одолеам на твоите усни, на твојата појава, на нашата блискост.
Додека жарчињата во каминот немирно се поместуваат и пламенот создава прекрасни форми на стаклото, јас и ти неуморно соблекуваме дел по дел од нашата облека, како двајца грешници, под месечевата светлина.
Жешко ми е, не од огнот туку од љубовта и мислите кои непрестано поминуваат низ мојата глава. Си повторувам колку сив беше животот пред тебе, додека ти бесрамна стоиш пред мене носејќи само искрена насмевка.
Се закотвувам во твоето тело, чувствувајќи ги твоите заби по моето рамо. Ја чувствувам и твојата коса како поминува крај вратот, се галиш како нежно домашно милениче, додека јас се закотвувам во твоето тело.
Не постои допир кој сакам да го пропуштам, ниту бакнеж кој не сакам да го споделам. Во таа магија на две тела, сакам да се изгубам, без да мислам што ќе биде утре. Ми ја кубеш косата од болка која ти ја рани душата и ти го полни срцето, ја чувствуваш но не сакаш да престане, бидејќи тоа е единственото спојување за кое би трпела таков физички немир.
На телото повторно имам пот, но овојпат не е залудна, тоа е љубовниот сок на двајца кои едноставно се пронашле и не можат да ја замислат иднината еден без друг. Имам лузни од заби по телото, како вечно обележје кое не сакам да избледе. Но, не ми е грижа.
Се топам пред твоето постоење и се молам да не заврши таа интима помеѓу нашите чувства и таа бесрамност помеѓу нашите тела. Воздивнувам по кој знае кој пат, додека ти легнуваш на моите гради, со насмевка која не можеш да ја скротиш.
Се смееме заедно, како тој акт на бесрамност да беше потребната сила која го отурна товарот од нашите тела.
Заспивам во твојата прегратка без да размислувам за повторна непроспана ноќ, неважно што имам само неколку часови да отспијам пред утрешните предизвици. Јас заспивам во твојата прегратка.
Не барав многу од животот, само сакав на тој начин да заспивам и да се будам секој ден, тоа беше и повеќе од доволна причина за среќа...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Н. Буџак | Црнобело