Која е веројатноста повторно да се сретнеме?

Не знам дали споменав, но уште од мал се плашев да заспијам.

koja-e-verojatnosta-povtorno-da-se-sretneme-01

Додека сите уживаа во долгочасовното одмарање во соништа кои даваа една комплетна удобност, јас се туткав под јорганот и ги држев очите отворени, плашејќи се да западнам во длабок сон.

Се плашев од соништата, бидејќи сонував претежно лоши работи кои често се случуваа, а ми беше смачено да знам однапред за ужасните работи кои ќе ги зафатат луѓето околу мене. Колку и да звучи неубедливо, тоа беше вистината за едно момче кое мразеше да сонува.

Како што раснев некако стравот исчезна, бидејќи и соништата избледнаа, како да ја изгубив магијата за откривање на ужасот. Можеби ќе исчезнеше и порано, ако се соочев со стравот, но едноставно бев премлад за да раскажам некому и онака никој немаше да верува. После тоа бледнеење на ужасот кој беше поврзан со спиењето и јас ги открив тајните на мирната ноќ за која сите зборуваа, но тоа не траеше кратко.

Имав дваесет години и бев сам, не затоа што не бев социјализиран или нешто не беше во ред со мене, туку едноставно не се случила таа вистинска љубов за да се посветам некому целосно. Како за баксуз, почнав повторно да сонувам. Не побарав, не ни сакав, едноставно се случи, но овојпат во сонот бев сам и одев некој долг пат на кој стоеше патоказ и пишуваше „вистинската љубов”.

Без мое одобрение тоа се случуваше секоја вечер постојано штом ја потпрев главата на перница, патував, не подалеку од креветот, но сепак нa далечен пат кој ме мачеше секоја вечер. Си помислив клетвата на лошите соништа повторно ме зафатила, едноставно тоа беше премногу за да се преживува одново и одново. Траеше со месеци, се додека не дојдов на крајот на патот, таму во мојот непосакуван сон. Тогаш те сретнав тебе.

Ме погледна со поглед кој дотогаш го немав сретнато. Шепотеше од далечина и се чудев зошто не се приближуваш. Во твојата појава јас најдов спокој и сфатив дека она што мислев дека е проклетство, всушност било моето патување до блаженството.

Тогаш те открив тебе, онаа која ми го земаше здивот. Знаев дека си само илузија, но тоа не ми беше важно, јас ти припаѓав тебе. Во тој сон јас поминував ден по ден во твоја близина, но никогаш не те допрев, не можев да си објаснам зошто.

Не знаев ниту колку време поминало во реалниот свет, сигурно сум западнал во длабока кома само за да го гледам тој посебен сјај во твоите кафеави очи. Ми требаа само твоите зборови, а не бесмислените говори во секојдневието.

Почнав да живеам во својот сон и не сакав да заврши. Но, како и сè во животот, ако ги избрзаш работите, тогаш пополека се уништува. Посакав конечно да ги вкусам тие усни, да ја почувствувам таа прегратка и во моментот кога се обидов да те имам. Јас те изгубив,се разбудив.

Не очекував таков исход, со денови заспивав, дури земав и таблети за повторно да те откријам. Се отуѓив од општеството и станав чуден за сите кои дотогаш ме познаваа. Но, јас верував во тебе, ти беше толку реална за да бидеш само сон.

Колку и да ме прогласуваа за луд, јас верував дека ќе се сретнеме. Па ако земеме во предвид дека веројатноста може да има вредности од нула до еден, а јас работам само со цели броеви, кажи ми дали ќе ме оставиш со една огромна нула или ќе конечно ќе бидеме интимни, за да оживееш сѐ она во мене кое изгинало копнеејќи за тебе?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg