5 работи кои може да ги направите кога вашиот поранешен се жени
Слушнавте дека бившиот прави свадба и секако дека не сте баш најсреќни... Без разлика колку одамна сте биле заедно или сте раскинале со убаво, сепак е премногу чудно некој официјално да му се посвети на некој друг со кого вие сте го делеле животот и искуствата.
Иако не е најпријатното нешто на планетава, сепак еве некои нешта кои навистина ќе ве расположат токму на тој ден:
1. Одете на авантура
Новите спомени се поважни од старите. Но, тоа е само наука. Сепак, навистина може да се чувствувате подобро ако испланирате патување или некое ново искуство. Одете во нов град – тоа ќе ви го оттргне вниманието, а и ќе бидете што е можно повеќе оддалечени од „местото на злосторството“. Патувањата може да ве освежат, а авантурите да ве расположат.
2. Пријателите нека ве потсетат зошто не успеало
Зад секоја пропадната врска најчесто има добра причина зошто таа пропаднала. А пријателите, сигурно подобро од вас ги паметат сите моменти кога сте им се јавувале со плачење поради караница. Затоа отворете шише што сте го чувале за специјална прилика, повикајте ги пријателите и едноставно оставете ги да ви го вратат филмот наназад зошто не сте успеале. А исто така, слободно може и да го трачарите, денес ви е дозволено...
3. Знајте дека што и да чувствувате е во ред
Некогаш тешко е да сфатите што точно чувствувате кога некој од вашите поранешни се жени. Преминувате од носталгични во повредени во рок од една минута. Доброто нешто е што викендот кога тој прави свадба може да си го посветите на себеси и да правите што ви душа сака. Знајте дека не сте патетични ако сте тажни, не сте ладнокрвни ако не чувствувате тага. Ако сѐ уште сте огорчени и тоа е во ред, а ако сте искрено среќни за него тогаш одлично. Што и да чувствувате тоа е целосно оправдано.
4. Ограничете го следењето на социјалните мрежи
Особено ако станува збор за врска која била неодамна или сѐ уште чувствувате болка, колку помалку знаете за оваа свадба - толку подобро. Реално да зборуваме, не сте баш во состојба каде што би сакале да гледате слики од него на Инстаграм колку е среќен или колку е таа среќна. Тоа може да ве депримира и да направи да се чувствувате многу лошо. А, тоа не би го сакале, нели?
5. Растурете ја свадбата
Пред да преземете нешто драстично, време е да ви кажеме дека се шегуваме. Но, сепак може да биде забавна игра која може да ја играте со пријателите додека уживате во некое добро вино. Играта изгледа вака: секој од вас треба да го смисли најдраматичното сценарио како од шпанските теленовели во кое вие ќе влетате во вратите од црквата и ќе предизвикате сцена. Ако ништо друго, барем може да бидете неверојатно креативни овде.
И запомнете: ако вие поминувате низ оваа ситуација и не сте моментално во врска, не го сфаќајте неговиот брак како успех или како индикација на тоа колку некој може да ве сака или колку вредите. Бракот не е трка до олтарот и неговиот тајминг нема никаква врска со вашиот. И кога се сомневате, едноставно повикајте ги пријателите, вклучете телевизор и уживајте во добри грицки и алкохол. Тоа секогаш помага!
С. С. | Црнобело