3 прашања кои треба да си ги поставите пред да започнете нова врска

Сите сме се соочиле со скршено срце и затоа голем дел од луѓето избегнуваат љубовни состаноци додека целосно не заздрават од минатите врски. Но, може да се појави некоја личност која апсолутно ќе ве маѓепса и некако ќе посакате да ѝ дадете шанса, иако чувствувате страв.

3-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-zapochnete-nova-vrska-01.jpg

За да одлучите дали треба да ѝ дадете шанса, поставете си ги овие 3 клучни прашања:

1. Што ве привлекува?

Ако сте интелектуално, емотивно, сексуално и физички привлечени тогаш супер, тоа значи дека си одговарате.

Многу луѓе прават грешка затоа што не истражуваат до каде оди привлечноста – т.е. колку е таа длабока. Голем дел од луѓето се маѓепсани од првите неколку пати кога ќе излезат со таа личност, но таа маѓепсаност ослепува, па затоа кога малку подобро ќе ја запознаеме личноста, таа престанува да ни се допаѓа.

Одвојте време да ја запознаете таа личност – одете на состаноци кои портретираат различни страни од карактерот – групна соработка, спортовите се одлична идеја; кампување – каде сте сами и гледате како таа личност се грижи за вас; екскурзија со пријатели – гледате како се однесува кон останатите луѓе на подолг период, запознајте ја неговата/нејзината фамилија, одете на викенд патување надвор од земјата – за да видите како се справува со непознати места.

Овој вид искуства не само што ќе ви го покаже карактерот на партнерот, туку ќе направи побрзо да процените дали треба да сте заедно затоа што се запознавате подобро така што правите нешта заедно. Споделувате искуства, наместо само да одите на вечера и да пиете.


2. Дали ги сакате истите нешта?

Мора да бидете сигурни дека сте на иста бранова должина. Велат: „Љубов не е да го погледнеш некого во око, туку да најдеш некој кој гледа во иста насока како и ти.“  Ако сакате да успее оваа врска, мора да бидете апсолутно сигурни дека имате исти интереси, во спротивно, оваа врска ќе биде осудена на пропаст.


3. Дали двајцата ја разбирате разликата помеѓу љубов, привлечност и врска?

Може да бидете привлечени онака како што треба, може да имате исти интереси и тоа значи дека ќе бидете заљубени, но заљубеност и врска се два многу различни поими. Заљубеноста е лесна, но врската бара голем труд, напор и жртви. Ако не сте подготвени да вложувате во врската, тогаш вие не треба да сте заедно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg