Сè започна со една песна во градскиот трговски центар
Додека растеш постојано си во некаква улога на режисер, трудејќи се да направиш совршено сценарио за твојот живот. Но, како што изминува времето сфаќаш дека таа улога е само фикција во твојата глава, а реалноста е сосема поинаква.
Учиш дека спонтаните работи се оние најубавите кои остануваат врежани во твојата меморија и дека нема потреба од постојано мешање во скриптата на животот.
Беше јануари, сите беа возбудени од новогодишната еуфорија која за некои поминала, а за некои сè уште траеше. Од блиските кафулиња се слушаше музика и смеа која гарантираше добра забава.
Јас стоев во градскиот трговски центар, со ракавици без прсти и празнично ги удирав жиците на мојата гитара. Пеев на задоволство на минувачите, уживајќи во мелодијата и заработувајќи некој денар, некако секогаш наоѓав баланс помеѓу работата и задоволството. Можеби затоа што секогаш се трудев да го работам она што го сакам.
Додека пеев љубовни балади, заебележав една девојка на вториот кат, која потајно испраќаше провоцирачки погледи со смеа на нејзиното лице.
„Може ли една песна за една сама дама?“ - довика од горниот кат пуштајќи две три железни пари кои тропнаа во паковката на мојата гитара.
Се насмевнав и почнав да ги допирам жиците со истата страст со која би ја допирал девојката од вториот кат. Таа ме гледаше со занес и ми се чинеше дека нашите погледи останаа замрзнати, како да се противеа на природниот феномен наречен време. Ми се чинеше дека гледавме еден во друг со часови.
Девојката пушти уште нешто со последната пара која тропна во паковката, нејзиниот број. Вечерта долго се мислев дали да ја повикам мистериозната девојка од трговскиот центар. Но, најпосле нашите гласови се сретнаа, како две души кои биле разделени долго време. Се договоривме за заедничка вечера. Телото ми трепереше, срцето ми биеше забрзано, не знам зошто чувствував толкава блискост од толку непозната личност.
Додека ги палев свеќите, го чувствував нејзиниот парфем кој доаѓаше од средината на троседот, каде што седеше таа, подготвена за нашата прва заедничка вечера. И некаде по полноќ кога ги потрошивме сите теми на разговор, започнавме еден полноноќен разговор, разговор на телата.
Таа срамежливо го откопчуваше секое копче од мојата кошула и како што откопчуваше, сè повеќе и повеќе се вцрвенуваше, како да се срамеше од својата сраст. Мојата рака пополека се губеше низ локните на нејзината кадрава коса и ја милуваше од главата преку нејзиното лице, па по градите и надолу до нејзините најинтимни делови. Како едно божествено патување кое предизвикува сласт.
Ме турна на креветот како ловец кој го фатил својот плен и лакомо се нафрли врз моето тело. Воздивнуваше секогаш кога ќе се создадеше моментот кога бевме едно, со тивок глас на задоволството кое не го криеше.
Ги зариваше своите нокти на мојот грб создавајќи лузни кои траат со недели. Ја обележуваше својата територија која и го исполнуваше телото со топлина, како мелодија која допира до срцето. Го допираше моето машко тело со допири кои ми ги отвораа портите од рајот. Таа живееше за своето уништување, а јас за да бидам оној кој ќе го изврши тој процес.
Ние бевме две тела, странци, најдени сосема случајно, спонтано, како сценарио од книга, незамисливо, но вистинито. Додека ја љубев размислував тоа да го правам одново и одново. Како тоа да е единственото нешто што би сакал да го правам до крајот на животот. Единственото вредно нешто, она што ми ја впиваше машкоста и ме тераше да полудам од страста која ја истураше по креветот.
За првпат во животот почувствував блискост која започна со една песна, долго се прашував како беше можно она што го барав цел живот да ми дојде толку спонтано. Но, престанав да барам причина, престанав да барам начин, сфатив дека е доволно само да се препуштиш на животот, очигледно тој има добар план.
Таа вечер, после долго време во мојот живот се чувствував исполнето. Посакав никогаш да не го изгубам тоа чувство да се биде сакан, никогаш да не ја изгубам таа страст, со девојката која беше моја само заради една случајна песна која ми го промени животот.
Н. Буџак | Црнобело