Oтворени врски – да или не?
Дали отворените врски се нов начин да се задржи љубовта во односот?
Можеби оваа идеја звучи примамливо, но отворените врски не се добри за сите парови.
Што е отворена врска?
Отворена врска може да се дефинира како секоја врска во која емотивна врска е ексклузивна, но не и физичката интимност. Во отворена врска двајцата партнери се сакаат меѓусебно но, исто така, имаат секс со други луѓе надвор од врската.
Ова може да изгледа навистина вознемирувачко, но за неколку парови ова не претставува проблем, всушност, на тој начин се обидуваат да ја спасат сопствената врска од рутина и згаснување на страста.
Дали треба да имате отворена врска?
Љубовта и сексот се две сосема различни работи. Повеќето луѓе мислат поинаку, но тоа не е точно. Вие можете да бидете целосно вљубени со некого, а да чувствувате сексуална желба кон некој друг. Природно е сексуално да ве привлекуваат и други луѓе. Сите го сакаме она што не можеме да го имаме што ни ја зголемува сексуалната тензија и желба.
Во отворена врска можат да бидат само луѓето кои исто размислуваат и кои сакаат исти работи. Доколку едната страна се чувствува измамено, ова никако не може да успее. Отворена врска може да биде повеќе болна од мамење на партнерот.
Да бидеме реални, отворените врски изгледаат како возбудлива и примамлива идеја. Но секој пат кога имате секс со некој друг, и вашиот партнер го прави истото. Можете ли да се справите со тоа? Повеќето луѓе сакаат да имаат секс надвор од врската, но не можат да го замислат својот партнер со некој друг. Ако сте едни од овие луѓе, отворена врска не е за вас.
Овие врски се за паровите кои се сакаат меѓусебно и кои сметаат дека ова може да им помогне да го сочуваат својот брак или својата врска.
М. А. | Црнобело