Што кажува за вашата врска положбата во која седите пред ТВ?
Некои од најубавите моменти кои паровите ги поминуваат се случуваат токму пред телевизорот. Многу парови сакаат да се гушкаат, некои активно да коментираат, а другите имаат свои воспоставени начини на кои го поминуваат времето.
Начинот на кој гледате ТВ зборува за тоа какви сте во врската...
Какви сте во врската?
Секој седи на својата страна од каучот
Секој има свој посебен простор и тоа не е нешто негативно, само укажува на тоа дека сте личности со силна индивидуалност и дека на вас не ви е потребно да се допирате постојано за да ја покажете поврзаноста. Ја цените приватноста на партнерот и немате потреба да го делите секој момент и доживување.
Едниот седи, а другиот лежи во негова закрила
Психолошки, оваа позиција е на родител и дете. Оној кој ја навалува главата има потреба да биде заштитен и мазен и укажува доверба во партнерот. Оној кој седи е во улога на заштитник и утешител. Ако ова не ви е вообичаена поза за седење пред ТВ тогаш веројатно едниот од партнерите поминува низ тежок период па има потреба од поддршка.
Лежите гушнати и прилепени еден за друг
Оваа положба укажува на силна хемија меѓу партнерите и нивното чувство на сигурност во врската. Оној кој седи со подигнати колена порачува „имам доверба во тебе, ти ми го чуваш грбот“, а другиот кој гушка е заштитник. Оваа поза исто така, укажува на тоа дека интимноста им помага на партнерите да го канализираат стресот.
Седите близу еден до друг и се држите за раце
Сила поврзаност и фокусираност на партнерот. Тоа што вас рацете ви се зафатени со допирање на партнерот покажува дека сте посветени на партнерот и дека тој ви е поважен и од самите вас. Исто така, поважно ви е да бидете со партнерот отколку со остатокот од светот.
Седите на спротивната страна и се допирате со стапалата
Паровите кои долго живеат заедно ја одбираат оваа поза – удобно им е и независни се, а сепак физички поврзани. Оваа положба е чест избор и на партнерите кои се расправале и сега сакаат да искажат поврзаност.