10 карактеристики по кои се познаваат здравите врски

Сите заслужуваме љубовна врска полна со среќа, задоволства и љубов, но неретко се задоволуваме за нешто многу помалку.

10-karakteristiki-po-koi-se-poznavaat-zdravite-vrski-01.jpg

Како да ги препознаете и разграничите здравите од нездрави врски? Како да не западнете во магичниот круг на поправање на она што никогаш нема да успее?

Овие 10 карактеристики ги имаат само здравите и среќни врски, па ако не се пронајдете во нив, време е да се подготвите за заминување. 

1. Во здравите врски и двајцата партнери знаат дека индивидуалната среќа зависи само од самите себеси

Многу луѓе имаат лоша навика да веруваат дека партнерот е тој што ги прави среќни. Спротивно на тоа, здравата врска е составена од две целосно исполнети индивидуи кои си нудат поддршка и разбирање, но сфаќаат дека среќата е исклучиво личен избор.


2. Ниту еден од партнерите не се обидува да го „поправи“ другиот

Реалноста е дека никој не сака да биде „поправен“, туку прифатен. Ако некој навистина сака да се промени, ќе го направи тоа за себе, а не за некој друг.


3. Тајната е во балансот

Ниту една личност не смее да има моќ да одлучува за партнерот. Во здравите врски и двајцата партнери имаат право на мислење и збор, но и задолжение да го почитуваат туѓото.  „50-50“ е единственото правило по кое среќните врски опстануваат.


4. Конфликтите не значат крај

Партнерите кои се во здрава врска се свесни дека градат нешто за да трае. Конфликтите за нив се составен дел од животот и попрво би се соочиле со нив во моментот, отколку да им остават простор да се искомплицираат.


5. Емоциите никогаш не се премолчуваат

Ниту еден од партнерите не би требало да се плаши да го каже она што го чувствува, но и да ги почитува емоциите на другиот. Паровите во среќни врски се свесни дека премолчувањето на емоциите, без разлика дали се среќни или тажни, може да доведе до конфликти подоцна.


6. Секој од партнерите во здравата врска има време за себе

Неопходно е и двајцата партнери да се свесни дека негувањето на својата личност е подеднакво важно како и негувањето на врската. Оние во среќни врски знаат дека не можат да го усреќат партнерот доколку тие самите се анксиозни, под стрес или изморени.


7. Сепак, и двајцата партнери се подготвени да ја стават врската пред своето „Јас“

Можеби делува контрадикторно, но кога луѓето во здрави врски треба да донесат долгорочни одлуки, прво размислуваат како тоа ќе влијае на нивната љубовна врска. Тие не планираат патувања сами и не исчезнуваат без објаснување и дискусија.


8. Двајцата партнери прифаќаат дека нема секогаш и за сè да делат исто мислење

Наједноставно кажано, тие знаат да се согласат дека едноставно за некои работи не се согласуваат. Свесни се дека тоа што партнерот има поинакво гледише на светот не значи дека тоа е препрека. Веруваат дека различните мислења се неопходни, а не причина за крај.


9. Свесни се колку вреди нивната поврзаност

Лојалноста е онаа која ги тера да ги надминат сите препреки. И двајцата партнери кои се во здрава врска го делат мислењето  дека само посветеноста може да ги натера да растат и да се развиваат.


10. Сакаат да бидат заедно затоа што уживаат во меѓусебното друштво

Не заради тоа што се финансиски зависни еден од друг или едноставно не сакаат да бидат сами. Во вистински здравите врски опстануваат само луѓето кои уживаат во тоа да го споделат секое делче од животот со партнерот кој го имаат до себе.

Би можело да ве интересира:

Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg