Затоа што твојата душа е богата и не ми е важно колку се длабоки твоите џебови
Те љубам затоа што твоите очи се најтопли, најсјајни. Твојата прегратка е најсилна. Ти си ти покрај мене, а јас сум јас. Јас и ти бевме создадени да не завршиме по различни патишта. Тоа го знаев уште од првиот миг кога те видов. Ме тешиш кога сум тажна, се смееш кога сум радосна, ме љубиш секогаш и секаде!
Не, не сме јас и ти како и сите други. Се разбираме со поглед. Не сакаме исти работи, но пак ни е убаво.
Учам од тебе. Отсекогаш посакував маж со кого ќе можам да растам во секоја смисла на зборот. И знам дека никогаш нема да ми е досадно со тебе. Затоа што твојата душа е богата, и не ми е важно колку се полни твоите џебови. Знам дека заедно може да пливаме по бранови, да се качуваме по планини, да летаме...
Затоа што сè е возможно кога си заљубен. А, јас и ти веќе не сме заљубени туку вљубени, и има разлика. Затоа што го познавам секое твое движење, ги познавам твоите очи, тие очи длабоки што ги препознавам во милион. И не сум луда, ги знам и твоите маани и недостатоци и ги прифаќам, тоа е уметноста на љубовта. Да љубиш и да прифаќаш.
Ја сакам твојата искреност на дете и пред тебе сум секогаш гола, немам што да кријам, немам потреба од лага. Кој би ја лажел својата сродна душа?
Прекрасно е кога шетаме заедно низ парк. Бајка е и кога ќе се налутиме за глупост, и кога за неколку минути зборуваме за кучето на патот. Знам дека нема да отидеме заедно на фудбал или во диско, и не ми е жал, затоа што кафаната е нашето заедничко решение.
И тука сум за тебе, и тука си за мене. Јас сум твојата најголема подршка, секогаш до тебе, а ти си секогаш за мене. Такви сме јас и ти, секој за себе, двајцата за нас!
Н.Т. | Црнобело