Никогаш не се обидувајте да го промените вашиот партнер

nikogas-ne-se-obiduvajte-da-go-smenite-vasiot-partner-01.jpg

Да, точно е дека некои врски и бракови се далеку поуспешни од други. Во што се крие тајната на успехот на едните, а каде е проблемот во неуспехот на другите?

1. Никогаш не се обидувајте да го смените својот партнер

Но, ако тој/таа ме сака ќе се промени. Не е точно и многу е неблагодарно да бараме од некого да се промени за наши потреби. Всушност, ние можеме да сугерираме што ни пречи кај партнерот, но постојаното повторување може да направи негативен засилувачки ефект на навиките и однесувањата кои не ни се допаѓаат.


2. Оставете му личен простор на партнерот

Никогаш не сум можела да ги разберам оние парови кои секаде се заедно, а не треба и вие. Секоја индивидуа има свои лични потреби кои не треба да ги запостави во врската или во бракот и упорно да го прифаќа однесувањето на партнерот.

Доколку сте љубител на ноќни забави продолжете со тоа и во врска и во брак, доколку вашиот партнер е страстен фан на фудбалски тим и обожава да гледа фудбал нека продолжи со тоа, не мора да прави секогаш жртва и да излезе на прошетка со вас.

Точно е дека со текот на времето партнерите се поврзуваат, стануваат и слични еден на друг, но не дозволувајте да го претопите своето јас во константно ние.


3. Бидете искрени, но не во целост

Ова може и да ве збуни, но со ова не мислиме да го лажете човекот со кој ќе го делите животот, туку да го поштедувате од непотребни нешта.

Вашиот партнер не мора да знае премногу за вашето љубовно минато, не мора да знае за партнерите на вашиот другар/другарка, не мора да знае се за вашето семејство, секое семејство има свои тајни. На крај не мора да го знае секој ваш чекор, ни вие за неговиот. Кога му кажувате на својот партнер не треба да се чувствувате како да му давате мапа на своето движење.


4. Комуникација

Ова значи разбирање на вашиот партнер. Помогнете му да го реши својот проблем или кога е нервозен не долевајте масло на огнот, туку смирете ја топката. Направете баланс во својата врска. При секоја кавга слушајте го добро својот партнер, не дозволувајте времето наменето за бакнежи да ви помине во навреди и лоши зборови.


5. Малите нешта го прават нештото големо

За да биде љубовта голема, секогаш имајте мало изненадување подготвено за него/неа!

Со секој мал гест, те сакам или подарок, со секоја капка внимание, вие можете да му ја покажете на својот партнер својата љубов. Дозволете си го тоа!

Н.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg