Научете да ја почитувате вашата понежна половина
Да се потсетиме дека живееме во 21-от век каде веќе не постои поделба на работите кои би можеле да бидат наменети за мажите или работи кои припаѓаат на жените.
Но, сепак секојдневно различни карактери чекорат во општеството и не секој се придржува до таа рамноправност, па затоа доколку сакате да бидете обожавани од страна на вашата партнерка научете како да ја почитувате.
И запомнете :
1. Таа не е ваш роб
Колку и да звучи чудно, во денешно време постојат врски каде што момчето е целосно доминантно и ги наметнува своите ставови, верувања и размислувања врз својата партнерка.
Иако не ги разбирам девојките во таква врска кои бришат пријатели од Фејсбук, не излегуваат со своите пријателки и се откажуват од своите соништа заради својот партнер, сепак ова модерно “ропство” постои.
Доколку сакате таа да е среќна со вас, треба да научите дека таа не е ваша сопственост, туку сопатник со кој заедно треба да го изодите животниот пат.
2. Таа не е “млеко”
Да, да, добро прочитавте, таа не млеко за да вие си играте малку топло, а потоа малку ладно.
Ако вашите намери се искрени, тогаш продолжете да бидете во нејзината близина, доколку имате намера да си играте топло-ладно, тогаш заминете уште при првиот момент кога ќе ви се укаже шанса.
3. Таа не е глупава
Престанете да измислувате изговори и лаги, на крајот на денот вашата партнерка не е глупава. Ќе се испреплеткате во тој лавиринт, а на крајот ќе излезете повредени и двајцата.
Ако сакате да немате главоболки околу тоа што сте го рекле вчера, а денес сте рекле сосема трето, тогаш не лажете, бидете искрени или заминете.
Никој не заслужува да биде третиран на таков начин.
4. Таа сака изненадувања
Колку и да мислите дека вашата понежна половина не сака изненадувања, сепак да знаете дека е убаво одвреме навреме да и подготвите по некое.
После напорниот ден од училиште, факултет или работа или пак за некој специјален датум кој ви се врежал на двајцата под кожа, убаво е да бидете креативни и да и покажете колку всушност ви значи.
Тоа ќе ве направи неизмерно посакуван, а вашата врска ќе се зацврсти.
5. Таа е човек од крв и месо
Исто како и вие, таа има чувства. Доколку вашата цел е да лутате по сите други девојки кои ќе ви излезат на патот, не го трошете нејзиното време. Доколку сте во врска и имате таква желба веднаш прекинете.
Никој не заслужува да биде исмеван и да биде будала во очите на другите. Ако се сметате за несреќни во нејзина близина, пуштете ја нека оди, а не да ја држите како канаринец во златни окови додека вие летате по секое врапче на улица.
Ако сето ова го имате на ум зад себе ќе имате среќна партнерка, а со тоа и вие ќе бидете среќни. Зошто нема поголема среќа од слогата и разбирањето со оној кој би требало да ви значи најмногу. Затоа погрижете се да ѝ покажете, дека ви значи најмногу и не ја изневерувајте таа поврзаност ни за миг.
Н. Буџак | Црнобело