13 работи кои мажите ги забележуваат при првото запознавање
Пробајте градите и задникот да не ги ставите на врвот на листата. Вистина е дека ги забележуваат, но работите како насмевката и мирисот исто така им се важни.
Ако ги подредите работите кои секој маж најпрво ги забележува кај една жена, листата изгледа вака:
1. Насмевката
Устата е првиот дел од телото кои мажите го забележуваат. Усните би требало да се мазни и меки, а забите беспрекорно чисти. Начинот на кој ги движите додека зборувате е она што прво го забележуваат, затоа внимавајте и на тоа.
2. Смеењето
Женското смеење е музика за машките уши. Ако тоа се состои од полутивко кикотење, делува слатко, сè додека не прерасне во гласно викање кое не можете да го контролирате.
3. Смислата за хумор
Како што сакаат да го слушнат вашето смеење, така сакаат и вие да го изнудите нивното.
4. Очите
Не бадијала сите велат дека очите се огледало на душата, и колку и да ви звучи како клише - вистина е. Мажите го знаат тоа и се водат по ова правило, па затоа не се чудете ако се загледаат во вашите очи уште на првото запознавање.
5. Гласот
Вашиот глас инстантно може да создаде слика за тоа каква личност сте - смирена, нервозна, брза, бавна... Тоа не значи дека треба да го менувате гласот, но барем треба да внимавате на интонацијата која ја користите.
6. Пријателите
Со пријателите минувате голем дел од времето, па веројатно со нив делите одредени квалитети и навики. Затоа не е ни чудо што мажите ќе ве проценат според друштвото во кое се наоѓате.
7. Типот на тело
Не е нешто што лесно го признаваат, но сепак мажите се визуелни суштества кои ќе ве „осудат“ според физичките карактеристики. Висока, ниска, со облини или спортски градена, со широки колкови или тесен струк... Сето тоа го забележуваат уште во првите секунди.
8. Мирисот
Мирисот е сетилото кое може да разбуди најмногу спомени и сеќавања, па затоа е и првото кое се развива при сретнување со било кој човек. Добро е да имате на ум дека мажите го преферираат мирисот на свежо и чисто, пред мирисот како штотуку да сте излегле од слаткарница, па сте примиле мирис на чоколадо, ванила, кокос, мармалад...
9. Високите потпетици од 10-12 сантиметри
Со исклучок на дизајнерите на чевли и мажите со одреден фетиш, останатите тешко дека ќе ги забележат вашите чевли, освен ако не носите 10 до 12-сантиметарски штикли и тоа е факт. Колку и да се неудобни, нив им изгледаат неодоливо привлечно.
10. Стилот кој го негува жената
Можеби не ги знаат сите дизајнерски брендови и имиња, но знаат кога некое парче облека им се допаѓа или не. Затоа не се чудете ако од прво гледање ви искоментира нешто за фармерките или фустанот кој го носите.
11. Градите и деколтето
Конечно, стигнаа на ред. Мажите се едноставно биолошки програмирани да го ловат овој дел од телото. Без разлика дали ќе ги разголите или сокриете со марама, машкиот поглед барем еднаш ќе залута.
12. Задникот
Не бадијала ви даваaт предност да одите пред нив кога треба да влезете или излезете од некаде. Добро, покрај џентлменскиот впечаток.
13. Самодовербата
Можеби е последна на листата, но без самодовербата ништо од горенаведеното не е исто. Не постои ништо попривлечно за мажите од самоуверена жена. Тоа е единствената карактеристика која им е неопходна за да ве карактеризираат како универзално привлечна жена.