Длабоката и безрезервна љубов не бара недостатоци во другиот
Еден човек со својата избраничка прославуваше брак – тоа беше прекрасен празник. Сите блиски, пријатели и роднини дојдоа на церемонијата за да уживаат во свечената прослава. Сите си поминуваа прекрасно.
Девојката просто оставаше без здив, во својот невестински фустан, додека младоженецот изгледаше крајно заводнички во својот црн смокинг. За сето тоа време, ниту на миг не го одвоија погледот еден од друг. Секој можеше од далеку да ја воочи љубовта која ја чувствуваа обострано.
Неколку месеци по венчавката, сопругата му се обрати на сопругот со предлог:
„Прочитав во едно списание, начин како да си го зајакнеме бракот“, додека тој се понуди да ја ислуша.
„Секој од нас ќе напише листа на работите кои смета дека се малку здодевни кај другиот. Потоа, ќе поразговораме за да ги поправиме нашите недостатоци и со тоа ќе придонесеме кон поголема среќа во нашиот заеднички живот“, одговори таа.
Нејзиниот сакан се согласи веднаш, при што двајцата седнаа во различни простории да за размислат за особините кои им пречат кај другиот. Така им помина остатокот од денот.
Следното утро, додека појадуваа, обајцата предложија да слушнат што имаат да кажат: сопругата се понуди да почне. Ја извади својата листа, речиси 3 испишани страници. Како што читаше, успеа да забележи дека очите на нејзиниот сопруг се навлажнија.
„Што е проблемот?“, нежно го праша.
„Ништо, драга, те молам, продолжи“.
Кога и последната страница беше прочитана, сопругата уредно ја приложи хартијата на масата и ги преклопи рацете врз неа.
„Ајде, тебе ти е редот, душо, па да поразговараме за двете наши листи“, рече таа задоволно.
Сопругот принесе празен лист на масата. Тивко проговори:
„Јас мислам дека си совршена таква каква што си. Ништо поврзано со тебе не ме заморува, ниту ми додева, јас не би сакал да сменам ништо кај тебе. Ти си прекрасна на свој својствен начин, мила моја“.
Допрена од неговата искреност и длабочината на неговата безрезервна љубов, засрамено го сврти погледот и заплака.
Во животот, не постои број кој ќе ја измери разочараноста, депресијата и кавгите, не би требало да се стремиме кон тоа, бидејќи што повеќе се фокусираме кон нивно искоренување, толку повеќе губиме време за уживање.
Сите имаме сопствен свет полн со убавина, светлина и ветувања, зошто би губеле време на негативните појави во животот, кога поседуваме чудесна моќ да живееме во слога и љубов?
Најсреќни сме кога живееме во заедништво, во комплементарен однос кој гарантира спокој и благосостојба во домот. Никој не е совршен, а совршенството не е потребно. Потребно е само да се подаде рака за да се надминат тешкотиите – тоа ја зацврстува секоја врска.
М. К. | Црнобело