Главни причини поради кои доаѓа до прекин на врските
Стапката на разведени парови сè повеќе и повеќе расте. Долгорочни врски сè поретко среќаваме...
Зошто овој факт станува реалност за многу парови?
Раскинувањата се случуваат поради различни причини, но најчесто поради тоа што:
Нема комуникација
Недостатокот на комуникација може да се појави од повеќе причини. Прво, затоа што мислиме дека ако кажеме нешто ќе повредиме некого. Второ, затоа што не сакаме да создадеме конфликти и најлошото – затоа што не сакаме да зборуваме за чувствата.
Но, за долготрајна врска клучен е разговорот.
Не сте вистински вљубени
Навистина тешко е да се дефинира тоа чувство и најверојатно е различно кај секого, но постојат многу врски кои успеале без претходно да биле свесни за љубовта.
Немате доверба
Живееме во време кога е многу лесно да најдете некого за една вечер, да го изневерите партнерот и тоа да го сокриете. Потоа се јавува недоверба која не се пресликува само во вашиот однос, туку и во другите сегменти на вашиот живот.