Оваа есен одберете да ги вратите пеперутиките во стомакот
Без разлика на тоа дали со вашиот партнер сте заедно една недела, десет месеци, три години или петнаесет години заедно, оваа есен состанувајте се почесто.
Ве предизвикуваме да излегувате што почесто со вашиот сакан, почувствувајте се како штотуку да сте ја започнале врската и дозволете им да пеперутките да летаат во вашиот стомак, а потколениците да ви се стресат од радост.
Не дозволувајте студеното време и ниските температури да ви ги попречат плановите.
Однесете го вашиот сакан во омилениот ресторан или местото каде што сте вечерале заедно, за првпат.
Разговарајте додека мезите вкусна храна и консумирате вино.
Виното ќе ви го стопли телото, љубовта и муабетот ќе ви ја стоплат душата.
Наместо кино, одберете театар.
Филм секогаш може да погледнете дома, стуткани еден до друг под прекривките, но, театарот има посебен шарм. Секое движење и реплика на актерите е неповторлива и уникатна. Одберете комедија за да се расположите или пак, драма за да сфатите колку сте среќни со човекот кој седи до вас.
Изнајмете хотелска соба. Декорирајте ја собата со многу балони, цветови, сијалички во боја, порачајте достава на шампањ и закуска.
Разгорете ја страста на огромен хотелски кревет со свилени чаршафи. Избегајте од секојдневието. Страста нека биде примарна во вашата врска.
Доколку немате планинска куќарка, изнајмете ја. Пригответе пита со овошје, печени лепчиња со кашкавал и оригано, набавете добро и старо вино.
Гледајте го дождот додека паѓа. Нека оваа есен ја испише вашата најубава љубовна приказна, Вие, Тој и сиот тој џез во позадина...
Ќе заборавите дека на светот постои нешто што луѓето го викаат часовник.
Автор: М.К. | Црнобело