There are not feed items to display.
  • Check if RSS URL is online
  • Check if RSS contains items


3 златни правила како да го зачувате мажот кој е покрај вас

Некои мислат дека мажите се комплицирани, некои мислат дека тие се едноставни. Иако, од маж до маж има огромна разлика, постојат три златни правила како да си го зачувате мажот кој е покрај вас.

3-zlatni-pravila-kako-da-go-zacuvate-mazot-koj-e-pokraj-vas-01.jpg

Правило бр. 1 - Не го запоставувајте вашиот изглед

Сега кога веќе некое време сме заедно не мора толку да се „замарам“ со изгледот, нели ќе ме сака каква што сум? Многу погрешно девојки! Знам дека си помислувате: „Па јас немам доволно време нон-стоп да се грижам како изгледам, константно да бидам нашминкана, со средена фризура, да вежбам и да бидам секогаш свежо издепилирана, ако ме сака, ќе разбере. Ако ве сака, можеби и ќе разбере ама едноставно не е фер. Девојката што тој ја запознал била со одредена тежина, со одреден изглед и со одредени хигиенски навики во кои тој се заљубил. Тоа што останал со вас треба да ве поттикне, а не да ве одврати од тоа да ги задржите овие навики… Знам дека со зголемувањето на обврските станува сè потешко да се најде време, меѓутоа јас не велам вие да се депилирате секој втор ден, секој ден да сте на фризер или цел живот да бидете во страв да не се здебелите, треба само да бидеме фер и да внимаваме на себе. Дозволете му да ја задржи девојката во која се заљубил.


Правило бр. 2 - Не критикувајте, туку слушајте!

Баба ми порано велеше: Мажите се најсреќни кога мислат дека се најважни и кога стомакот им е полн. И да знаете дека има многу вистина во тоа (без навреда момци). Секогаш кога го критикувате ја покажувате својата „мајчинска“ страна што е убиствено и за неговата машкост и за вашата љубов. Оставете го некогаш да ги направи сопствените грешки, тој е сепак возрасен човек. Критикувајќи ги само ги оддалечуваме. Исто така, и момците сакаат внимание. И тие сакат ние да ги мазиме и чуваме, да ги гушнеме кога ќе се почувствуваат како светот да ги надвладеал. Забораваме како беше на почетокот кога нашиот сакан по тешкиот ден доаѓаше да се потпре на нашите гради и да ни раскаже. Не дозволувајте тоа да исчезне.


Правило бр. 3 - Не му ги сечете крилјата

Ден за фудбал и пиво со другарите, ден за во кафана, ден за играње игри на компјутер… па не може цело време да се залепени за нас! Оставете ги на раат. Но, исто така оставете се и себеси на раат. Ден за маникир, ден за женски муабети, ден за читање добра книга… Една од најчестите грешки во долгите врски е што партнерите се претопуваат еден во друг и комплетно ги запоставуваат своите потреби. Дајте му ја слободата!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg