Работи во кои ќе се пронајдете ако сте сингл во своите 20-ти
Да бидете во врска во 20-те години е одлично, но и да бидете сингл е одлично. Ако од некаква причина врската не ви функционирала врската и сега почнувате да градите еден поинаков живот, постојат работи во кои со сигурност ќе се пронајдете.
Постојат работи кои ќе ве потсетат дека да се биде сингл е одлична работа.
Можете да правите сè што сакате
Без разлика на тоа колку сте тажни или повредени, еден дел од вас ужива во тоа што може да прави буквално сè што ќе посака.
Сè се врти околу вас и вашите достигнувања
Сакате да патувате низ светот, да бидете со некое момче само за една вечер, да ја работите работата од соништата? Сторете го тоа, сега е времето. Живејте во моментот и уживајте во сингл миговите.
Ви изгледа како сите да се „смируваат“, а тоа ве излудува
Можеби ги живеете 20-те и сте сингл, но повеќето ваши пријатели не се. Тие станале сериозни. Гледате свршувачки на Фејсбук, известувања за бременост, слики од бебиња... Како сите одеднаш да пораснале, а вие сè уште се трезните од минатата луда ноќ.
Станувате имуни на семејните шеги на ваша сметка
Во овој период треба да развиете „супер моќи“ и да ги игнорирате шегите на семејството.
Поминувате многу повеќе време со вашите пријатели
Сега следува периодот кој ќе го обожавате: ќе поминувате многу повеќе време со пријателите и тоа ќе ви годи. Во ваквите периоди се обновуваат старите пријателства и се градат нови.
Вие сте вистински пријател на луѓето кои поминуваат низ раскинување
Вие знаете низ што поминуваат тие, бидејќи и самите сте поминале низ тоа. Ќе им бидете рамо за плачење и ќе им го дадете сè она кое име потребно.
Понекогаш се чувствувате осамено
Понекогаш ќе наидат емоциите на слични тага и ќе се чувствувате осамено затоа што повеќе немате некој кој е секогаш покрај вас, но и од тие мигови можете да научите нешто корисно – како да си бидете доволни сами на себе.