Токсични лаги за љубовта кои треба веднаш да престанете да си ги кажувате

Никој не сака да биде излажан, токму затоа не си го правете тоа на себеси.

5-toksichni-lagi_-za-ljubovta-koi-treba-vednash-da-prestanete-da-si-gi-kazhuvate-01.jpg

Така водите нездрав живот и не психички и на емоционален план. Искреноста е многу важен сегмент, затоа морате да бидете искрени кон себе, па да почнете да очекувате искреност и од другите.

Ова се 5 токсични лаги со кои воопшто не си помагате, туку напротив си штетите себеси и се буткате во депресија:

1. Љубов е за секого освен за мене

Дури и да не си ги кажувате овие збори на себе, тие може да формираат безимен, измачувачки страв и поради тоа да се чувствувате како засекогаш да ќе останете зад вратите на љубовта.

Наместо да си ги кажувате овие работи, престанете да ги мешате фактите со стравовите. Факт е дека немате момче, но дека засекогаш ќе останете сами е страв.


2. И не заслужувам повеќе

Оваа лага ве спречува да барате нови врски и ве заглавува во помислата. Ако верувате во оваа лага ќе започнете да не се почитувате себеси. Контрадикторно е да очекувате некој да ве засака, ако вие сметате дека не заслужувате.


3. Знам дека оваа врска не е добра, но е подобра отколку да бидам сам/а

Луѓето веруваат дека не е ништо страшно да се во врска со некој кој не вистински избор за нив, сè додека не налетаат на вистинскиот. Имајте предвид дека така одите по многу тенка линија.

Постои ризик да се навикнете на погрешната личност и на несоодветна врска, а тоа води и кон несоодветен брак. Постои ризик и да не ги забележите убавите работи на страна, затоа што ќе бидете преокупирани со несогласувањата со партнерот.


4. Мора да биде љубов на прв поглед

Многу луѓе не си даваат време да се запознаат еден со друг ниту пак да си ги дознаат квалитетите, способностите и потребите на партнерот. Ваквите луѓе донесуваат заклучоци на првиот состанок под притисок на моменталната хемија која ја има.

Дури и ако не летаат пеперутки во моментот, сепак може да дадете шанса да се развие хемијата понатаму.


5. Ако го игнорирам црвеното знаменце тоа ќе си отиде или промени

Тоа е исто како да очекувате да исчезне буката во вашиот расипан автомобил, ако ја игнорирате.

Ако имате проблеми во врската и вие ги игнорирате, тогаш само го оддолжувате неизбежното. Убедувајќи се себеси дека во нешто што не е така си штетите само себеси. Тоа време залудно потрошено сте можеле да го инвестирате во вложување на нешто што ќе се исплатело на крајот.

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Чекајте барем 6 недели, користете лубриканти – Што треба да знаете за интимните односи по породување... Штотуку сте донеле на свет нов живот, па нормално е да чувствувате промени, како...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg