Како изгледа кога на партнерот ќе му ги кажете вашите најдлабоки тајни?

Која ви е најтешката работа која можете да му ја кажете или признаете на вашиот партнер? Дали некогаш би биле подготвени да го направите тоа пред камера? Линет и Кори храбро одлучиле да го направат токму тоа.

kako-izgleda-koga-na-partnerot-kje-mu-gi-kazete-vashite-najdlaboki-tajni-01.png

Седнале пред камерата за интернет страната The Skin Deep која ги проучува човечките врски и интимноста за време на дигиталната ера.

Во ова видео тие си поставуваат прилично сериозни и тешки прашања, посебно кога Кори се обидува да открие нешто повеќе за сексуалното минато на Линет. Сака да открие какви биле минатите врски на неговата девојка, поточно врските со жените.

Разговорот започнува прилично едноставно, но набргу можете да сфатите дека низ сите солзи можете да откриете како ние како човечки суштества сакаме, посебно кога станува збор за сексуалната флуидност.

„Според мене, сексуалноста е флуидна. Не мора да се опишувате себеси како геј или лезбејка или бисексуалец. Туку едноставно постојат одредени периоди кога ве привлекува одредена личност“ – објаснува Линет.

„Не е дека не можам да бидам привлечена од некоја жена и сега, туку знам дека сега те одбрав тебе“ – додава таа.

Погледнете како се одвива целиот разговор:

Би можело да ве интересира:

Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg