Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+)

„Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може да ми ја прекине менструацијата“. Во кој мит верувавте вие?

lugje-gi-spodeluvaat-najsmeshnite-mitovi-za-seksot-shto-go-slushnale-i-vo-koi-veruvale-01.jpg

Како за сè останато, постојат безброј митови за сексот и сексуалното здравје. А, веројатно не постои личност која не верувала во некој луд секс мит барем во тинејџерските години.

На Редит, форумџиите ги споделуваат смешните митови што ги слушнале, но и во кои самите верувале:

„Мислев дека жените не можат да забременат навечер бидејќи сперматозоидите спијат“.

„Верував дека ако кивнам седумпати по ред, ќе си предизвикам оргазам“.

lugje-gi-spodeluvaat-najsmeshnite-mitovi-za-seksot-shto-go-slushnale-i-vo-koi-veruvale-02.jpg

„Жена што ја познавам пробуваше да ме убеди дека кога имаш секс со некој маж, неговата ДНК останува во твоето тело, па кога ќе имаш деца, тие ќе имаат ДНК од сите твои сексуални партнери“.

„Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може да ми ја прекине менструацијата“.

lugje-gi-spodeluvaat-najsmeshnite-mitovi-za-seksot-shto-go-slushnale-i-vo-koi-veruvale-03.jpg

„Од 43-годишен маж слушнав дека жените не можат да забременат ако не доживеат оргазам“.

„Имав наставничка која ни кажа дека алкохолот го уништува дејството на апчињата за контрацепција“.

lugje-gi-spodeluvaat-najsmeshnite-mitovi-za-seksot-shto-go-slushnale-i-vo-koi-veruvale-04.jpg

„Верував во неколку во тинејџерските години – мастурбацијата предизивкува слепило, жената може да забремени ако допре сперма, бакнежот е всушност секс…“

„Еднаш лекар ми кажа дека бременоста ќе ми ја излечи ендометриозата. Веднаш си најдов друг лекар“.

lugje-gi-spodeluvaat-najsmeshnite-mitovi-za-seksot-shto-go-slushnale-i-vo-koi-veruvale-05.jpg

„Мислам дека премногу луѓе веруваат дека женскиот оргазам е мит“.

„Кога првпат дознав за мастурбација, другите момчиња во училиштето кажуваа дека можеш да мастурбираш само 100 пати, и потоа ќе умреш“.

„Дека ако мастурбирам, ќе имам многу влакнести дланки“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg