Која крвна група најмногу ви одговара за секс?
Јапонските истражувања тврдат дека крвната група има големо влијание на карактерот, баш како хороскопот. Така, некои се сложуваат, а некои се вистинска катастрофа во сексот.
Пронајдете ја својата крвна група и групата на вашиот партнер, па откријте како се сложувате во кревет:
Најдобри љубовни комбинации
Жените со крвна група А и мажите со крвна група 0 имаат страствена врска полна со сексуална тензија и желба. Нивниот однос е динамичен и полн со непредвидливи чекори, па потребна е голема толеранција.
Компатибилен пар исто така се жените со крвна група 0 и мажите со крвна група АБ – имаат добра комуникација, стабилност и романтични се.
Комбинацијата од жена со група А и маж со група Б е спротивност која се привлекува, а со многу љубов и труд може да создадат одличен брак.
Крвна група 0
Луѓето со оваа крвна група се друштвени и спонтани. Често ги иницираат работите, креативни се и имаат голема самодоверба.
Жените со оваа крвна група бараат партнер кој им овозможува сигурност и очекуваат нежност и добра комуникација. Сакаат да создадат семејство и се многу грижливи.
Мажите со крвна група 0 се љубовници кои сакаат предизвици, а презираат пасивни жени. Бараат партнерка која ги поттикнува.
Крвна група А
Луѓето со оваа крвна група изгледаат мирно и тивко, но ја кријат желбата за перфекционизам. Од сите групи се најсклони кон уметност. Емпатични се, но пречувствителни.
Жените обично се многу интелигентни и сакаат ред и дисциплина. Во љубовта се премногу внимателни и треба долго да ги освојувате, а имаат голем број на критериуми.
Мажите не се големи заводници, туку пристапуваат пријателски. Емпатијата и посветеноста ги прави одличен материјал за брак
Крвна група Б
Луѓето со оваа крвна група цврсто стојат на земја и имаат зацртани цели. Од сите групи, тие се најголеми индивидуалци.
Жените бараат многу внимание и посветеност, но само од оној кој им ги задоволува критериумите. Познати се по приговарањето, но не од злоба, туку од желбата да го поттикнат да постигне нешто повеќе. Еротични се до максимална граница.
Мажите се исто така големи заводници, а во животот најчесто се заљубуваат само еднаш. Како партнери се добри, но знаат да бидат кавгаџии и злопамтила.
Крвна група АБ
Луѓето со оваа крвна група се комбинација од претходните две. Обично се спонтани, прилагодливи и како карактери не се тешки.
Жените не сакаат патетика и драма во љубовта, па затоа се во потрага по партнер со кој може искрено да ги споделат мислите.
Ни мажите не се нешто поразлични, сакаат да се заљубат, но свесни се дека љубовта поминува. Затоа поважна им е интелигенцијата, ставовите и добрата душа на партнерката.
Плус, сексот е најважниот елемент без кој ниту една врска нема да трае долго.