Работи кои треба да ги знаете за емотивно недостапните девојки
Тие се девојки со свој став, мислење, тие се цврсти, се супер - херои кои можат да направат сè што ќе посакаат и имаат за цел да му покажат на светот дека можат и сами.
Таа е вистински индивидуалист кој сè прави сам. Таа не сака да се потрпре на вас и ништо нема да ја спречи да успее во своите цели и кариерата.
Еве неколку важни работи за емотивно недостапните девојки:
Таа ќе ја става кариерата пред љубовните интереси
Нема да ви каже дека мечтае за романтични фотографии, ниту пак ќе разгледува венчаници на Pinterest.
Таа ќе ве остави без око да и трепне
Ако и се мешате во нејзините животни цели нема да се двоуми да ве остави.
Таа има сопствен став
Ќе има контрола врз нејзиниот живот и нема да се плаши да ги искаже она што го сака.
Ќе помислите дека е ладна и бесчувствителна
Таа ги држи картите затворени, но тоа не значи дека не е способна да ги изрази своите чувства, туку прашање е на време кога ќе посака.
Таа може вистински, силно да сака
Можеби понекогаш ќе ви се чини дека воопшто не е заинтересирана за вас, но ако ги гледате нејзините дела, ќе откриете колку таа ве сака.