Искрено писмо од љубовницата до сопругата

До жената,

iskreno-pismo-od-ljubovnicata-do-zenata-01.jpg

Прво нешто што би требала да направам е да ти се извинам. Да ти се извинам што ти ја уништив довербата во идните мажи. Што ти ја уништив врската со него – врската која ти беше совршена сè додека јас не пристигнав. Извини што те повредив. Немав намера.

Но, тоа не е целта на ова писмо. Ако ти го пишував ова писмо само за да ти се извинам, ниту една од нас немаше да може да премине преку нашата приказна и да продолжи со својот живот. Можам да кажам извини и 10 пати, но по некое време зборот го губи значењето.

Доаѓа време кога не сакаме само извинување, туку и одговори. Одговори на прашања кои долго време сме биле исплашени да ги поставиме. Затоа мислам дека ти го должам тоа. Не само извинување, туку и одговори. А, и на себеси си го должам тоа.

Тој ми се приближи. Јас не го одбив, па тој продолжи со додворувањето. На почетокот милев дека е во ред затоа што се случи само еднаш. Не можам да бидам лоша личност, ако е само еднаш.

Секој прави грешки и ти немаше да мора да ја знаеш ситуацијата. Како што продолживме си велев, ти не си тука па јас му служам за задоволување на сексуалните желби. Немаше да се случува ова, да не беше ти тука. Ако ти беше покрај него, ти ќе беше таа што ги задоволува неговите желби.

Требаше да запрам вториот пат кога сфатив дека нешто ми значи. Дека тој е повеќе од секс. Проклетство, требаше да запрам вториот пат кога го бакнав. Но, тогаш ти не беше тука, а тој ме ценеше. Се чувствував посебно. Чувствував како да се грижи за мене. Како да се случува нешто значајно во мојот живот.

Моето срце ја одзеде секоја рационална мисла во мојата глава. И продолжив.

Продолжив дури и кога те запознав тебе. Кога можев да ги поврзам името и лицето. Во мојата глава тогаш ти беше виновна. Виновна што не ги задоволуваш неговите желби, па имаше потреба од друга. Од мене.

Ти си причината што не може да објави слики на Фејсбук со мене. Од одморите. Од среќните моменти.

Не можам да ти се извинам за тоа што се вљубив во него. Му верував, дека ќе ми го подари целиот свет, а тој едвај ми даде зрно песок. Бев удавена во сопствените емоции и од фактот што некој толку неверојатен може да ме сака мене.

И можеби ме сакаше.

Но, сигурна сум дека те сакаше и тебе.

Секоја расправија која ја имаше со него, ја слушав и гледав како тој одново успева да те освои. Секојпат. Луѓето не го прават тоа ако не се навистина вљубени во некого.

Извини што те обвинував. Извини што тебе те обвинував за нашата врска. Тоа што мислев дека ти си таа која не сака да даде повеќе за вашата врска да успее. Извини што од тебе направив личност која има изградено високи и дебели ѕидови за ниту еден маж да не пристапи до неа.

Не можам да се вратам назад во времето и да ја поправам мојата грешка.

Но, барем ти можеш да ја знаеш целата приказна.

Искрено,

Љубовницата.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg