Вереникот ја оставил 1 час пред венчавката, но сè уште верува дека ќе го пронајде вистинскиот
Синди Мејсонју требала да биде млада невеста, но еден час пред нејзината свадба од соништата младоженецот ја оставил. Денес таа со смеење се присетува на ситуацијата.
30-годишната девојка од Торонто чекала подготвена во нејзиниот прекрасен невестински фустан да биде засекогаш заедно со својот вереник, но тоа не се случило. Тој сфатил пред самиот чин дека не е подготвен за семеен живот и ја оставил речиси пред самиот олтар.
6 години по трауматичниот ден, Синди повторно излегува и верува дека самиот настан и помогнал да стане она што е денес.
Таа го запознала својот вереник во 2007-та година кога имала само 23 години.
Само неколку месеци подоцна тој го поставил судбоносното прашање додека биле на одмор во Хаваи.
Пристигнал судбоносниот ден.
„Не очекував никакви проблеми, освен тоа што не се сакавме многу со сестра му“ – така ја започнува приказната за Големиот ден.
„Дојде во мојата соба и ми рече: „Не можам понатаму“. Не ни сакал да ми каже мене. Тој прво се обратил на моите деверуши, а тие го пратиле кај мене“ – Раскажува Синди за последните зборови на нејзиниот несуден сопруг.
Следните 24 часа за неа биле „брутални“. Се чувствувала омаловажено и како некој да и зарил нож во грбот.
Останала на островот уште неколку недели пред да се врати во реалноста.
Неколку денови подоцна откако се вратила во Канада, нејзиниот бивши вереник ја прашал дали сака да живеат заедно, но да не се венчаат. Тогаш и објаснил дека единствената разлика меѓу нив, била причината поради која тој не сакал да се венча – желбата за деца.
6 години подоцна, таа се присетува на случката како на нешто позитивно: „Ме изгради во жена каква што посакувам да бидам и се гордеам со себеси“.
„Барам и заслужувам момче кое ќе се грижи за мене и кое ќе сака да биде со мене“ – додава таа.
„Времето лечи се и сè се случува со причина“ – заклучува Синди.