5 причини зошто да побегнете од фраерот кој тотално ја изгубил главата по вас

Тој е еден од ретките кој е подготвен да направи сè за вас. А вие сте подготвени тоа да го испробате, па го ставате на испит. На почетокот тоа ви изгледа среќно и забавно, но подоцна не можете да прекинете да го искушувате за да видите дали тој човек има некаква граница.

5-prichini-zoshto-da-pobegnete-od-fraerot-koj-totalno-ja-izgubil-glavata-po-vas-01.jpg

Ова се главните причини зошто треба да си заминете од таквата врска:

1. Се чувствувате како бездушна кучка

Добро ќе се чувствувате само на почетокот, после некое време ќе станете размазена и арогантна. Ќе престанете да правите било што за себе и за него и за вашата врска, бидејќи тој може сè сам.

Ќе сфатите дека уживате во вашата надреден позиција, но тоа ќе ве прави да се чувствувате бесчувствителна кучка. Ќе сакате веднаш да прекинете со таквиот однос, но едноставно не ќе можете.


2. Нема да можете да дишете од него

Сè почесто ќе сакате да дишете слободно – тој да не е во ваше присуство. Ќе се трудите да му избегате во секоја можна ситуација и да поминете опушено време без неговата претерана грижливост. Ќе почнете да се чувствувате како да ви го зазема животот и си го присвојува, секако сето тоа со најдобри намери, но сепак...


3. Нема да можете да му возвратите

Нема да можете да пронајдете ништо што ќе биде доволно големо или доволно мало што можете за него да го направите или било како да му возвратите. Неговото најголемо задоволство е вашето задоволство. И затоа нема никогаш да сфати зошто имате потреба да му возвраќате кога тој е среќен што вие сте центарот на неговиот свет.


4. Ќе го мразите поради тоа

Тој веќе ги има преземено сите одговорности, должности и права и на вас ви останува само да се досадувате. Нема да можете да го пратите во неговата огромна љубов која ја дарува и ќе сфатите дека можеби тој е среќен, но вие не.


5. Ќе го повредите порано или подоцна

На крајот ќе му давате невозможни мисии со кои ќе го оддалечувате и збунувате само за да го натерате да се тргне, а тоа со сигурност ќе го повреди. Потребно е јасно да му кажете дека тоа не го сакате, за повторно да бидете свои.

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg