Вереник за пример: „И купив прстен уште додека беше на интензивна нега“
Туриа Пит го запознала Мајкл Хоскин, својот сегашен вереник, уште додека учеле заедно во основно училиште. Започнале врска во 2009-та година, а во 2011-та таа настрадала во пожар за време на одржување на ултрамаратон.
Огнената стихија ја дофатила и неа и претрпела изгоретини на 65% од телото. Тогаш останала и без прстите на десната рака и 5 месеци поминала во болница.
Од неодамна Мајкл и Туриа се вериле, откако Мајкл се откажал од својата кариера како полицаец за да биде покрај неа.
„Прстенот го купив уште пред 4 години додека таа уште беше на интензивна нега“ – вели Мајкл.
„Не сака да ја сожалуваат, туку само сака да продолжи со својот живот. Таа има неверојатна енергија, сака да го поминува своето време со мене, го сака океанот како и јас и постојано сме заедно“ – така ја опишува Мајкл љубовта на неговиот живот.
„Прекрасно е да се има таков човек покрај себе. Тој го буди најдоброто во мене и се радувам на тоа што целиот мој живот ќе го пројдам со него“ – објаснува Туриа.
Таа наведува дека Мајкл бил причината поради која се борела за својот живот и благодарение на кој таа е „најсреќната девојка на светот“.
Оваа девојка и натаму продолжува да се бави со спорт и да трча.