19 знаци кои го издаваат емотивно недостапниот маж
Кога се работи за мажите, никогаш не можете да го знаете крајниот резултат.
Понекогаш, колку и да сакате врска со некого, едноставно не ви успева.
Наместо да се мислите што не е во ред со вас, проверете дали тој спаѓа во групата на емотивно недостапни мажи.
Ова се 19 најочигледни знаци:
1. Имате чувство дека треба премногу да се трудите за да го добиете неговото внимание.
2. Избегнува да ве гледа во очи додека зборувате.
3. Ги избегнува суштинските теми преку кои треба подобро да ве запознае.
4. Постојано ги поставува истите прашања.
5. Ја менува темата или ги избегнува прашања поврзани со неговиот живот.
6. Не знае да преземе одговорност.
7. Не сте ги запознале неговите пријатели, а за семејството да не зборуваме.
8. Ретко кога ве претставува на луѓето со кои се запознавате.
9. Никогаш не ви дал до знаење дека му се допаѓате.
10. Имате некое чудно чувство дека ве искористува.
11. Имате проблем да ги откриете мотивите за неговото однесување.
12. Почесто комуницирате преку социјалните мрежи, отколку преку телефон.
13. Се чувствувате збунето и несигурно во негова близина.
14. Постојано зборува за бившата.
15. Неодреден е и неодлучен во тоа што го зборува.
16 .Не флертува со вас и не наоѓа причина плус да ве допре.
17. Многу често дава празни ветувања
18. Времето кое го поминувате заедно ви се чини површно и исфорсирано.
19. Ве тера да се чувствувате емотивно исцрпено по состанокот со него.