Очигледни знаци кои откриваат дека веќе не си заљубена во него
Иако веројатно се плашите да си признаете, доволно е да се препознаете во половина од знаците за да ја прекинете врската.
Престанете да се залажувате. Веќе не сте заљубени во човекот до вас, ако...
1. Што и да направи, ви оди на нерви.
2. Во последно време започнувате кавги без причина и одолговлекувате само за да не разговарате со денови.
3. Немате желба да разговарате со него како ви поминал денот. Попрво би седнале со пријателките.
4. Не ве интересираат заедничките активности. Веќе не сакате ни да готвите за него, ниту да изгледате филм излежувајќи се на кревет.
5. Повеќе не се трудите да најдете време за него.
6. Не го слушате кога нешто ви зборува, затоа што чувствувате дека нема ништо интересно за кажување.
7. Некогаш ви недостасуваше кога ќе се одвоевте. Сега со задоволство минувате цела недела раздвоени.
8. Сексот стана обврска.