Мажи - ни со нив, ни без нив

Најпрво, морам да признаам дека сум среќничка што во животот ја имам А. , другарка која секоја може да ја посака, но не и секој да ја има за другарка. Знае да ги процени луѓето од прва и она што го мисли ќе ти го плесни в лице, што и да е! Баш таа другарка неколку пати ми има кажано: „Ех, мажи, нит‘ со нив, нит‘ без нив!“

mazi-ni-so-niv-ni-bez-niv-1.jpg

Поголема вистина од ова, амин! Колку повеќе нè нервираат толку повеќе ги сакаме. Колку повеќе се инаетиме со нив, толку пострастен ни е сексот.  Има моменти кога очи не сакаш да им видиш, за веќе наредниот да ни недостигаат. И сево ова не е дека ние жените драматизираме или сме во ПМС, ниту дека мажите не сакаат да се врзат или се алергични на женски солзи, туку само поради тоа што човекот е единственото живо суштество кое обожава наједноставните работи да ги направи најкомплицирани.

Тоа ти е како да имаш јаже и одеднаш (најчесто од досада, невозбудливост) правиш јазли, па се обидуваш да ги отплеткаш со свежо налакирани нокти. А, некаде длабоко во нас, знаеме дека чудно и бескрајно магично сме си потребни еден на друг.

Верувам дека нема повозвишена работа од тоа маж да напише поезија за единствената жена која ги знае сите тајни влезови на неговото срце. На другиот тас, жените. Психолози, новинарки, уметници, колумнистки, активистки, актерки пишуваат, ги возвишуваат или понижуваат мажите. Пишуваат, коментираат, анализираат, споредуваат.

Одеднаш, сите врски на светот може да ти заличат на спортски натпрвар или маратон.

Па, нека е маратон! Не мислам на оној меѓу чаршафите, туку оној низ животот. Ете, би трчала со човекот без кој (не) можам. Оној што ќе успее да ме извади од такт за неколку секунди и за половина од тие неколку секунди да ме смири со прегратка. Оној кој никогаш нема да измие садови после ручек, ама ќе прави ручек за викендите.

Штосот е во тоа да најдете човек со кој ќе правите се што се правеле досега, некого од кого нема да бидите зависни, некој што ќе ја обожава вашата комплетност. Убавината не е во тоа да не можете без маж, туку во тоа да можете сè за што сте сонувале, додека Тој ве држи за рака и мисли дека Вие сте најхрабрата и единствената.

Убавината е во тоа да сте свесни дека знаете како низ животот без маж, но прекрасно е ако е со Вас.

Магијата од друго човечко суштество во Вашиот живот е тоа дека насмевката која веќе сте ја имале ќе стане поголема.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg