Како да откриете дали тој флертува со вас и да му возвратите?

За флертот е многу пати пишувано и постојат многу различни начини на кои може да се изрази. Но, постојат некои кои се универзални, односно сигурни знаци кои ако ги забележите може да бидете сигурни дека не е случајно во ваша близина и да се обидете да му возвратите.

kako-da-otkriete-dali-toj-flertuva-so-vas-i-da-mu-vozvratite-01

Иако ви се чини дека тоа е очигледно, според едно истражување се забележува дека само 18 проценти од девојките успеваат да го препознаат сигналот кој им го испраќаат момците.

Со овие 5 знаци може да бидете сигурни дека момчето кое ви се допаѓа суптилно флертува со вас и може да му возвратите и покажете нешто повеќе.

1. „Случајно“ те допира

Ако забележите дека момчето кое ви е во близина или во исто друштво, нежно и „случајно“ ја спушта раката на долниот дел од вашиот грб додека ви се обраќа или „случајно ви ја спушта“ раката на колено додека седите – тоа е прв и јасен знак дека флертува со вас.


2. Ве задева

Ако се сеќавате на сцените од градинка кога некое момче постојано ве задеваше, влечејќи ве за коса, ова е нешто слично. Ако забележите дека некое момче постојано ве задева и се шегува со вас, знајте дека тоа е знак дека сте му слатки и неодоливи и дека ужива во ваше друштво.

kako-da-otkriete-dali-toj-flertuva-so-vas-i-da-mu-vozvratite-2.jpg

3. Ви дава мали подароци

Не се мисли на мали парчиња накит и слично, туку некои спонтани ситуации, како колач од слаткарница затоа што знае дека ви е омилен.


4. Го игнорира својот телефон

Денес сите се зависни од своите мобилни, па вистинска реткост е да бидете во друштво на некој што нема ни да го погледне додека е со вас. Тоа е знак дека е целосно фокусиран.


5. Користи изговори за повторно да разговара со вас

Ако разговарате за филмови, па покрај тоа ја користи можноста да ви прати мејл со предлози, тоа е јасен знак дека сака повторно да стапи во контакт со вас.

Доколку ги забележите овие 5 знаци и сте сигурни дека сакате да возвратите за контактот да се развие во нешто повеќе, тогаш употребете еден од овие 3 начини за да го прифатите суптилно флертот:

kako-da-otkriete-dali-toj-flertuva-so-vas-i-da-mu-vozvratite-1.jpg

1. Поправете му ја јаката на маицата, кошулата

Ако сте на романтична вечера или седите близу еден до друг, нежно поправете му ја јаката на кошулата или наместете му ја маицата, приближувајќи му се нежно.


2. Зборувајте нежно

Во флертувањето е најважно да биде суптилно. Зборувајте тивко и со секси глас за да го привлечете неговото внимание.


3. Не чекајте многу пред да му одговорите на пораката

Овие игри одамна се минато. Намерното одложување на одговорот на пораката може да предизвика контра ефект за мажот да помисли дека не ви се допаѓа, туку дека си играте со него. Флертувајте суптилно и заводнички и не дозволувајте тој да ви ги чита мислите.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg