9 најлуди работи кои ги направиле девојките за да ги воодушеват момците
Љубовта често знае целосно да ве заслепи и да извади од вас личност во која никогаш не би се претвориле ако не е тоа во име на љубовта.
Тоа не мора секогаш да биде негативно сфатено, туку може да се смета и за еден вид бела лага, која само ја подобрува атмосферата во даден момент или може да ја уништи ако не ви успее
Ова се дел од таквите признанија за најлуди нешта кои ги направиле 9 девојки за оние кои им се допаѓале:
1. Јога инструкторка
„Го излажав момчето дека сум инструкторка по јога, па во една прилика ме замоли пред сите да покажам една положба. Сè уште мисли дека сум инструкторка, дури ми купи и подлога за јога вежби“.
2. Фино вино
„На факултет ми се допаѓаше едно момче и сакајќи да го воодушевам му купив прескапо вкусно вино. На крај ми кажа дека сум му драга само како пријателка. Останав и без момче и без вино и без пари“.
3. Преквалификувана
„Се преправав дека сум многу искусна во кревет и му предлагав разни лудости. Тој се исплаши дека не е доволно искусен, па на крајот морав да признаам дека лажам. Веќе не го видов“.
4. Копирање
„На Фејсбук видов која му е омилена група, па почнав да копирам некои стихови од песни, за да ме забележи. Кога почна да ми пишува и да ме распрашува, сфати дека не знам за што зборам и веќе никогаш не ми се јави“.
5. Сè за него
„Лудо бев затрескана во еден тип, па кога ми беше роденден одлучив да направам забава и да ги поканам сите, како изговор за да дојде и тој. Сите се појавија, освен него. Но, забавата беше одлична и сите завршивме пијани, па заборавив и на него“.
6. Манија
„Толку многу податоци дознав за него, а се преправав дека не знам ништо, сè до еден момент, кога ми се испуштија некои работи за кои немаше како да ги знам, освен ако не сум го истражувала. Се исплаши и веќе не ми се јави“.
7. Главна скејтерка
„Тој се воодушевуваше на девојки кои скејтаат, па го излажав дека сум одлична во тоа. Но, лагата траеше додека не паднав и не се искршив. За среќа, тоа му изгледаше слатко, па останав две години во врска“.
8. Тетовирање
„Тој сакаше метал, а јас мразев. Но, од љубов за него дури си ги дупнав ушите и се истетовирав. Кога го добив и спиевме заедно, сфатив дека тоа е најлошиот секс во мојот живот кој не ми се повтори. Сè друго беше залудно“.
9. Фетиши
Дознав дека му се допаѓаат девојки кои зборуваат со посебен акцент, па се преправав дека сум Британка. Ми поверува и се заљуби“.