7 типови на љубов кои сите ги доживуваме барем еднаш во животот

Чувствувате потреба за грижа кон вашиот партнер. Тој ви е многу мил, но ништо повеќе од тоа. Или можеби сте вљубени во вашиот најдобар пријател и потајно сонувате дека еден ден ќе бидете заедно.

platonska-ili-vistinska-7-tipovi-na-ljubov-so-koi-se-sretnuvame-vo-zivotot-01.jpg

Во текот на животот сите ние барем еднаш сме доживеале љубов која е поразлична од онаа вистинската. Љубов која ни се чини дека е вистинска, но секогаш нешто и недостасува.

Ова се 7-те основни типови на љубов:


1. Љубов која не опстојува

Станува збор за онаа вистинската прва љубов од младоста која и покрај тоа што ја красат и физичката и духовната компонента, таа не може да опстои заради реални фактори. Тука влегуваат: недостатокот на искуство, процесот растење и созревање, одвојувањето на животните патишта како и желбата да се исрпробаат други работи во животот. Овој тип на љубов често е темелот над кој ги градиме нашите љубовни очекувања понатаму во животот.

platonska-ili-vistinska-7-tipovi-na-ljubov-so-koi-se-sretnuvame-vo-zivotot-1.jpg

2. Невозвратена љубов

Овој тип на љубов претставува вистински предизвик во човековите односи. Таа често се случува меѓу пријатели. Едниот од нив невозвратено ја сака другата личност. Најчесто овие луѓе чувствуваат вистинска болка и патење, а замисленото сценарио дека таа љубов еден ден ќе им се реализира претставува пречка за можноста за пронаоѓање на друг тип на љубов во животот. Обично станува збор за љубов која трае прилично долго и престанува само доколку овие две личности целосно се одвојат.


3. Платонска љубов

Оваа љубов повторно најчесто се случува меѓу двајца пријатели, но ја исклучува сексуалната привлечност. Ова е љубов кон нечие срце и карактер. Најчесто овој однос одлично функционира и често двете страни се прашуваат: „Зошто оваа личност не ме привлекува?“. Психолозите тврдат дека недостатокот на физичка привлечност го прави односот многу поедноставен и поубав.


4. Наивна љубов

Поголемиот дел од луѓето овој тип на љубов го искусуваат во детството. Полна е со невиност и е лишена од очекувањата и романтичната привлечност. Се заоснова на тоа дека некој ни е „сладок“ или „мил“. Може да се јави и во подоцнежните периоди и партнерот се доживува како некој кон кој треба да се грижиме без потреба за рамноправност.

platonska-ili-vistinska-7-tipovi-na-ljubov-so-koi-se-sretnuvame-vo-zivotot-2.jpg

5. Страствена љубов

Во овој тип на однос најизразена е сексуалната хемија меѓу партнерите и истата често се меша со вистинската љубов. Она што ја разликува од неа е тоа што не постои вистинско преклопување на карактерите, верувањата и потребите. Оваа љубов трае толку колку што трае и страста, а завршува со големо разочарување.


6. Себељубие

Прв и основен тип на љубов кој се јавува и пред да се јави љубовта кон родителите е љубовта кон себеси. Таа овозможува преживување и за да опстојува потребно е да се храни со самодоверба. Психолозите велат дека оние кои не умеат да се сакаат себеси не умеат да сакаат и друга личност и да успеат да градат вистински стабилни односи со луѓето околу нив.


7. Вистинската љубов

Ова е најчестиот идеал за многумина. Станува збор за љубов каде својот партнер го сакате за неговото срце, карактер и изглед и секако потребно е овие емоции да бидат возвратени. Кога ќе се случи овој тип на љубов меѓу двајца тие тешко може да ја игнорираат. Вистинскиот партнер ни пружа сигурност, заштита и се чувствуваме сакани.

platonska-ili-vistinska-7-tipovi-na-ljubov-so-koi-se-sretnuvame-vo-zivotot-3.jpg

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg