20 работи кои треба да ги знаете ако сте во врска со независна девојка

Не е лесно да се биде заедно со девојка која е независна и знае што сака. Затоа треба да почитувате некои правила, доколку сакате врската да ви потрае.

20-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ste-vo-vrska-so-nezavisna-devojka-01

Ова се 20 работи кои секоја независна девојка би сакала да ги знаете:

1. Имаме потреба да бидеме сами. Секој ден по малку, а тоа не значи дека сме го изгубиле интересот за вас. Само имаме потреба од самите себе.

2. Не се потресуваме ако не ни одговорите веднаш на повикот или пораката. Не зависиме само од плановите со вас, а не треба ниту вие. Доволно е што ќе возвратите кога ќе можете. Истото очекувајте го и од наша страна.

3. Ние можеме сами да си го средиме хаосот. Не чекаме некој околу нас да ни ги реши проблемите.

4. Одлично се снаоѓаме и сами со средувањето по дома, одењето во шопинг и вежбањето. Немаме ништо против да ни се придружите, но не ни се мешајте додека правиме нешто.

5. На некои настани, свечености, презентации одиме сами. Не ни треба партнер на вакви места и не ни е непријатно да седиме сами, бидејќи до крајот на вечерта сигурно ќе имаме барем 5 нови познанства.

6. Ако спиеме заедно, не очекувајте дека ќе ве забавуваме цела вечер и дека мора утрото да ви подготвиме појадок. Повеќе сакаме да спиеме и кога ќе се разбудиме заедно да одиме некаде да јадеме.

7. Ако одиме на забава каде има повеќе ваши пријатели не очекуваме да не се одделите од нас или да не претставувате како да не можеме сами. Сосема сме способно да разговараме со непознати и да се забавуваме. Но, тоа не значи да не оставите и заборавите, сепак со вас сме.

8. Сосема е во ред сами да си ги плаќаме нарачките и изгледа смешно ако постојано инсистирате вие да го направите тоа. Во ред е и да ја поделиме сметката. Не излегуваме за да се честиме.

9. Ние никогаш не бараме да ни позајмите пари. Ако случајно побараме ќе ни биде непријатно додека не ви ги вратиме.

10. Можеме и сами да се бањаме. Иако, понекогаш позабавно е во друштво...

20-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ste-vo-vrska-so-nezavisna-devojka-1.jpg

11. Ние работиме затоа што сакаме своја кариера. Не зависиме ниту од вас ниту од нашите родители. Не очекувајте да земеме слободен ден кога вас ќе ви текне на сред недела. Посветено работиме.

12. Немаме никаков проблем со тоа да одите да гледате фудбал со другарите. Всушност и ни одговара, бидејќи имаме време за нашите дополнителни активности.

13. Знаеме да штедиме и си ја планираме иднината до пензија. Не очекуваме дека вие ќе се грижите за нас.

14. Идејата за брак ни звучи добро ако сме со вистинската личност. Но, сосема добро се снаоѓаме и сами. Одбираме да бидеме во врска затоа што така сакаме, не затоа што не можеме без вас.

15. Понекогаш наместо романтичен партнер посакуваме да бидеме во врска со личниот тренер, масерот, готвачот во ресторанот. Ако сте некој од овие ќе ве сакаме уште повеќе.

16. Сакаме сами да ги поправаме работите дома. Обично сме научени да се снаоѓаме и кога ве нема, затоа ако не побараме помош не се наметнувајте.

17. Можеби сме досадни и тврдоглави за начинот на кој сакаме да ги изведеме некои работи и не ве слушаме иако веќе сте го искусиле истото, но оставете нè да пробаме.

18. Се фрустрираме ако сте премногу зависни од нас. Можеби и можеме да помогнеме, но не сакаме да бидете како привезок закачени. Повеќе би сакале да видиме како се снаоѓате сами.

19. Понекогаш имаме преголема контрола над работите и сè подредуваме по наш ред па се чудите како е тоа можно. Но, не заборавајте дека сме независни и го можеме тоа.

20. И покрај сè сакаме голема прегратка, многу внимание и изјави на љубов. Сакаме сè што прави убаво да се чувствуваме. Независноста не значи дека не сакаме да бидеме обожавани.

20-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ste-vo-vrska-so-nezavisna-devojka-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg