Понекогаш и идеалната љубов е осудена на пропаст

Излегував со совршеното момче. Во ред можеби не беше совршеното ако се земе во предвид дека совршен човек не постои, но за мене тој беше близу до совршената личност.

ponekogash-i-idealnata-ljubov-e-osudena-na-propast-001

Беше смешен, нежен, добар и вистински шармер. Главно сè што може една девојка да посака кај момче. Од А до Ш идеален партнер.

Се сеќавам на првата средба. Се чекавме пред Жена парк. Уште од првиот миг кога го видов знаев дека сакам долг период да бидам покрај него. Бакнежот кој долета во таа прва средба целосно ме стопи. Времето одеднаш запре, а околината беше непостоечка.

Првите неколку години се беше совршено. Константно се смеевме, си ги дополнувавме речениците, со часови разговаравме, игравме видеоигри и минувавме цели сезони на серии во еден ден.

Сексот беше прекрасен и времето минато во кревет беше исполнето со гушкање, нежности и по некој сочен свежо направен тост. За мене само со кашкавал колку побргу да завршам со работата, а за него и со некое компирче. Не дека не ме мрзеше да ги чекам да се испржат, ама уживав додека седевме заедно во кујната и готвевме.

Моите пријателки беа фасцинирани од него. Мојата најблиска братучетка секогаш ми зборуваше како ние сме идеален пар за кој секој сонува. „Драга моја, би сакала и јас еден ден да го пронајдам тој вистинскиот онака како ти што го пронајде“.

Беше една година постар од мене и заврши со студиите речиси две години порано од мене. До тој миг на неговото завршување со студиите веќе бевме 4 години заедно и сè уште се држевме близу до она идеалното. Верував дека целиот живот ќе го минеме заедно.

Плановивте беа дека откако ќе завршам и јас со студирањето со сигурност ќе живееме заедно.

ponekogash-i-idealnata-ljubov-e-osudena-na-propast-1.jpg

Нештата бргу се сменија откако се вработи. Еден ден сфатив дека повеќе не сакам да бидам со него. Некако станавме многу различни. Повеќе немаше разбирање меѓу нас.

Полека се градеше ѕид кој колку и да се обидував да го срушам, остануваше меѓу нас полека, но сигурно да нè разделува. Цигла по цигла и повеќе не го гледав неговиот лик. Можев само во далечината да ги наслушнам неговите зборови, но и тие беа далечни и непрепознатливи.

Сфатив дека моето срце тоне во длабочините на мојата стомачна празнина. Размислував за втора шанса. На еден начин и ја давав. Шанса за шанса, ден за ден. Сè беше попусто. Ние не бевме веќе еден за друг.

Повеќе не го посакував и сакав од дното на душата. Со искрено и полно срце. Повеќе не беше дел од мене. Или барем беше некој одвоен и непрепознатлив дел како некој свежо трансплантиран орган кој мојот организам одбива да го прифати.

Време беше сè да престане. Само со сила се држев до нешто што беше само слатко сеќавање за мојата средношколска прва љубов. Во глава само празно стоеше сеќавањето дека ние треба да го минеме цел живот заедно.

Денес остануваат само сликите за времето минато заедно и приказната за една слатка љубов кој беше осудена на пропаст.

ponekogash-i-idealnata-ljubov-e-osudena-na-propast-2.jpg

Автор: Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg