Одлучив да не стапам во брак никогаш и тоа е мојата најдобра животна одлука

Можеби сум млада и перспективна девојка која не сака да се обврзува за скоро, но колку повеќе размислувам сфаќам дека не постои шанса да го променам мојот став околу бракот во иднина.

odluciv-da-ne-stapam-vo-brak-nikogas-i-toa-e-mojata-najdobra-zivotna-odluka-1

Јас всушност не сакам да се обврзам никогаш за никого на лист хартија и прстен на рака со зурли и тапани само поради мислењето и озборувањето на околината.

Мене баш не ми е гајле за нив и мислам дека животот е мој и јас имам право да одлучам дали ќе го живеам омажена или не.

Многу од моите врснички не само што се омажени на нивна 21 година, туку имаат исто така и деца, што мене ми делува многу чудно.

Јас едноставно не можам да ги разберам.

Покрај живот исполнет со патувања, познанства, љубовни врски без сериозни обврски, следење и остварување на соништата, осознавање и што уште не, тие одбрале заробување во четири sидови со дете во рака иако самите сè уште се деца.

Според мене брак на млади години е заробување, знам дека нема да се согласите со моето мислење, но имам право да го искажам.

Не разбирам зошто девојките брзаат да се омажат, можеби затоа што им вршат притисок од дома или пак околината е таа што ги притиска индиректно со озборувања.

Таквите девојки кои се омажиле поради банални работи кои не треба да им бидат важни, како што се мислењето на сопственото семејство, пријателите или околината јас ги осудувам.

Доколку би се омажила некогаш, тоа би го сторила со личност која сум сигурна дека е онаа вистинската, на начин на којшто сакам јас, на возраст која што јас сметам дека е соодветна, а доколку не најдам вистинска личност никогаш и да не се омажам, тоа мене нема да ми пречи.

Бракот не е ништо освен формалност на хартија без која се живее заедно со саканата личност и мислам дека во наредните неколку децении целосно ќе исчезне терминот брак, а луѓето конечно ќе сфатат што сакам да кажам јас.

Бракот е преценет, помирете се со тоа и престанете да ги притискате луѓето околу вас да се омажат или оженат бидејќи некои кои ќе ве послушаат може да го сторат тоа со погрешната личност.

Вие кои сте притиснати, едноставно игнорирајте ги таквите личности кои живеат во старо време и за соседите и живејте си го животот на ваш начин.

Бидејќи вашиот живот е само ваш и никој не смее да одлучува за него освен вие самите!

Автор: Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg