Не постојат сродни души, постојат само луѓе што се разбираат

Тешко е да се поверува за оние кои се убедени токму во спротивното, но сродни души реално не постојат.

ne-postojat-srodni-dusi-postojat-samo-lugje-koi-se-razbiraat-1

Секако дека некој ќе се изјасни спротивно кажувајќи дека тој што ја сретнал, не знае за што станува збор, но што со оние кои ја сретнале и ја изгубиле?

Зарем тие не заслужуваат друга сродна душа, односно човек кој ќе ги разбира и сака на нивни начин, со цело свое срце?

Секако дека заслужуваат, а тоа ја разбива теоријата за сроди души, бидејќи некој може да ја изгуби сродната душа во сообраќајка, убиство, раскинување, неверство и слично.

Но, тоа не значи дека после тоа треба самиот да се изгуби и да не се надева на нова љубов.

Ретко кој верувал во сродни души ќе застане и ќе размисли рационално давајќи свое мислење за сродните души навистина.

Во принцип се верува дека сродна душа е онаа душа која се реинкарнирала во две души поделени во различни тела, но кога би правеле реално проценка, такво нешто не е возможно.

Поради тоа правилото за сродни души паѓа во вода бидејќи не е реална проценка направена врз вистински, докажани факти.

Сродна душа ја нарекуваме личноста која не разбира во целост, ни ги чита мислите, не слуша што сакаме да кажеме без зборови, зборува со нас преку поглед и со таа сродна душа ние се чувствуваме комплетно.

Но, зарем секоја личност на светот не е наша потенцијална сродна душа доколку истата помине одреден период со нас, не запознае навистина и се отвориме кон неа, а и таа кон нас, кажувајќи се што претходно не сме кажале никому?

Секако дека е потенцијална сродна душа бидејќи секој човек е роден со способноста да ги разбира другите луѓе.

Затоа доколку и вие сте верувале во сродни души, но некоја личност ве убедила во спротивното откако ја изневерила вашата доверба и љубов и се покажала како лажна сродна душа, не верувајте во лаги повеќе и не разочарувајте се, бидејќи сродни души не постојат.

Постојат само личности кои не разбираат и оние кои не сакаат да не разберат, но имаат способност да го направат тоа, вие само треба да пронајдете некој што ќе сака да ве разбере навистина и ќе ве сака какви што сте.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg