Кога жената бара расправија, таа всушност бара љубов од тебе!
Сите ги сметаат жените не само како понежен пол, туку и хистеричен пол кој секогаш бара причина за расправија, конфликт или фаќа забелешки на се и сешто.
Но, вистината за жените е сосем спротивна, бидејќи никој не е будала да се кара, да се нервира и да фаќа забелешки без причина.
Доколку вие сте маж и си мислите дека вашата жена или девојка е родена само за да ве нервира, вистината е спротивна.
Доколку таа тоа го прави, позади сета таа расправија и потреба за внимание се крие психички потиснат проблем кој ве засега и двајцата во врската.
Тој проблем има две решенија, а тоа се следните.
Вашата понежна половина бара љубов од вас или не ја сака повеќе вашата љубов.
Трета причина нема, бидејќи доколку сакаш некого, а тој не ти возвраќа на ист начин, ти на секаков друг начин ќе се обидеш да дознаеш дали тој се грижи за тебе и дали му значиш.
Макар да се работи и за жестока расправија која би била ризик за врската и би можела да резултира со нејзино раскинување.
Жените многу добро го знаат ова, но сепак знаат и дека доколку врската се раскине не била онаа вистинската, а вие не сте ја сакале воопшто.
Но, внимавајте доколку забележите дека вашата понежна половина не престанува со расправиите и забелешките откако ќе и докажете дека ја сакате навистина, тогаш проблемот е спротивен.
Таа сака да и покажете дека не ја сакате повеќе за да си ја намали грижата на совест кога ќе ве остава, знаејќи дека таа е таа која не ве сака повеќе.
Бидете внимателни и наместо да потпаднете на овие женски трикови, седнете ја вашата сакана и разговарајте со неа отворено за вашите проблеми.
Можеби ќе ги решите, а можеби и ќе се разделите, во двата случаеви добивате, бидејќи ако ги решите нема повеќе нервози и расправии, но доколку не ги решите ќе се ослободите од личност која не ве сака повеќе.