Се заљубуваш кога најмалку очекуваш

Сите девојки, секако и момците кои не се исклучок барем еднаш ја имаат потврдено тезата дека едноставно сите се заљубуваме кога најмалку очекуваме.

se-zaljubuvas-koga-najmalku-ocekuvas-1

Знаете ли зошто е тоа така?

После раскинување, тежок животен период или бурен живот, секогаш ќе наиде некој странец кој ќе ни пружи рака, кој ќе ни го олесни животот или ќе ни ги заузда уздите.

Судбината ги одзела оние што не се повеќе до нас, бидејќи не биле оние вистинските за нас, едноставно ги ставила на нашиот пат за да нè научат на некоја лекција.

Во тие моменти кога лекцијата се учи на памет и ни врти низ глава како досадна мува, доаѓа некој што ќе нè провери дали сме ја научиле.

Но, не знае дека нам веќе ни е мака да зборуваме, да раскажуваме, да кажуваме работи научени на памет.

Потребно ни е само некој да нè прегрне и да ни каже дека е тука за нас, да ни каже дека нè разбира без зборови, да ни каже дека не му пречи тишината, да ни каже колку сме прекрасни, да ни каже дека сè ќе биде во ред, да ни каже дека нè љуби, а самиот не знае зошто, како, кога…

Доколку го направи ова нè има уште на самиот почеток целосно, но не знае, па си велиме подобро да не знае, за да не си замине.

Ете тогаш се заљубуваме кога најмалку очекуваме, повторно стануваме кршливи, повторно веруваме безрезервно, се препуштаме целосно, сè додека тој некој што нè залепил не нè скрши кога најмалку очекуваме.

Или нема да нè скрши воопшто како што сме очекувале, во тој случај ништо повеќе нема да биде неочекувано.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg