Можеби не бев најдобра, но те сакав најдобро што можев
Можеби не ти дадов се што посакуваше, но ти дадов се што имам. Ти не ми даде ништо што сакав, но повторно не ми даде ништо, а можеше се.
Јас ти простувам, не си знаел за подобро или можеби јас не сум била добра за тебе, можеби си посакувал нешто подобро од мене, некоја подобра која заслужува се твое.
Ти иако не го заслужуваше она моето, јас ти го дадов, тоа се вика љубов, а тоа што ти не ми даде ништо, а заслужив се, повторно се вика љубов, но љубов кон себеси.
Кон мене сигурно не.
Она што ти го виде во мене беше наивна девојка која можеш да ја раниш со трошки, за повеќе мислеше немам место во срцето.
Не знаеше дека јас секогаш бев гладна, но никогаш не се понижив да ти побарам повеќе од трошка љубов.
Дури и таа трошка ми беше доволна, бидејќи беше од тебе.
Тебе ништо не ти беше доволно, земаше, земаше, се зеде и си замина, ме остави без ништо, но не си виновен ти.
Виновна бев јас што давав дури и кога гледав дека давањето нема да има крај, јас само ќе давам, а ти ќе земаш се додека не се презаситиш па ме обвиниш мене за тоа што ти давав премногу.
Но, љубов е кога даваш, а не очекуваш за возврат, јас го знаев тоа, треба да го знае секој што љуби иако постои едно непишано правило во љубовта.
Можеби љубов е кога даваш, а не очекуваш за возврат, но не сме деца, знаеш ти, знам и јас, знаат сите дека еднострана љубов, не е доволна, а обострана е повеќе од доволна.
Знаеш, можеби не те сакав на начин на кој што посакуваше, но те сакав на мој начин, те сакав како што умеев само јас, никој нема да те сака како мене.
Можеби навистина не бев најдобра, но те сакав најдобро што можев.
Тогаш се наоѓа изговор кој е доволен за да заминеш, доволен за да заборавиш, затоа сега заборави ако можеш.
Која беше навистина најдобра, заборави која те сакаше навистина најдобро што можеше, а ти беше најлош кон неа, ја остави најдобро што можеше, заборави.