Од машки агол: 10 особини кои треба да ги има вистинската девојка
Не се работи за прототип колку да биде згодна, русокоса или бринета и каква музика да слуша, туку нешто многу посуштинско.
Немаат само девојките свои критериуми при изборот на вистинското момче. И машките знаат да препознаат дека некоја девојка е навистина вредна за нивното внимание.
Но, за тоа е потребно да поседува 10 особини, кои според момците се клучни за да им го задржи вниманието
1. Поради вистинската девојка сакаме да бидеме подобри
Секој фраер кој има супер девојка или сопруга ќе ви каже дека заради неа сака да биде подобар човек. Таа не мора да направи или да каже што било, едноставно има таква енергија. Внимава на постапките, можеби ќе преземе и некоја наша навика, едноставно сака да се потруди.
2. Вистинската девојка нè сака со сите наши доблести и маани (како и ние неа)
Иако во некои случаи делува како да не е тоа така, се лажете. Ние го гледаме сето тоа и го цениме на свој начин.
3. Добро се сложува со нашето друштво и семејство
Добрата девојка ќе направи напор да ги запознае нашите луѓе. Како што неа ѝ се важни другарките и семејството, исто така ни се и нас. Доколку се труди да биде фина и коректна кон нашите најблиски, нема шанси нешто да нè раздели.
4. Не мрмори без причина
Сигурно сè уште не сте запознале момче кое решило да го промени своето однесување затоа што девојката нешто мрморела. Кул девојките тоа го знаат и мудро ги бираат моментите. Тие знаат кога треба да се нервираат, а кога да премолчат. Сепак, ако живееме заедно и ако останеме со другарите цела вечер излезени, без да ѝ се јавиме, има право да ни мрмори колку сака. Таквата ситуација не е за премолчување, дури и за најслободната и најдобрата девојка.
5. Не сака да нè менува
Добрата девојка ќе го остави своето момче да игра покер и да јаде сланина без леб, на пример. Како што ние не ја запираме кога оди на шопинг со другарките, не сакаме ни нас да ни префрла за некои машки навики. Оставете нè да бидеме мажи со сите наши доблести и маани. Тоа е наш живот и не треба да се менувате во тоа.
6. Нè почитува
Ова е една од клучните работи. Тоа значи дека ќе најде време да нè сослуша, но и обратно. Почитувањето, разбирањето и довербата се 3 работи без кои еден добар однос не може да се замисли.
7. Нè привлекува
Добрата девојка не само што ќе сака да изгледа добро заради нас, туку и заради себе. Тоа не значи дека таа треба да изгледа како Адријана Лима, туку да се грижи за себе онолку колку што мисли дека е потребно. Взаемната привлечност би требало да ве наведе двајцата да сакате изгледате што подобро.
8. Сака секс
Секој маж сака девојка која сака секс. Но, треба да бидете и компатибилни. На пример, ако ние сакаме S&M стил, а таа повеќе романтичен, со вино, ружи и срциња, тоа е проблем. Клучот е во компромисот. Ако некогаш се согласи да облече кожни хеланки и да користиме камшик, следниот пат ние ќе ѝ направиме романтична вечера и ќе водиме љубов.
9. Интелигентна е
Девојките кои се атрактивни, но не многу паметни, брзо досадуваат. Жената која нè возбудува со интелигенцијата е вистински афродизијак. Интелигентната жена секогаш ќе знае да нè изненади и тоа е неодоливо. Со неа никогаш не може да ни биде досадно. Плус, супер е да имате некоја тема за разговор помеѓу сексот.
10. Независна е
Никој не влегува во врска за да биде бебиситер. Како што таа сака свој живот, свое време и обврски, така сакаме и ние. Нема потреба да се одрекува од некое хоби и навики заради нас. Нека го живее својот живот како што сака и нека биде среќна што и ние сме дел од тоа.