Исповед: Никогаш не ме удираше, но проаѓав низ пеколот

Во животот никогаш нема да бидеме целосно сами. Луѓето доаѓаат и си заминуваат. Некои остануваат подолго некои пократко. Некои речиси не ни забележуваме дека постоеле и биле дел од нашиот живот некогаш, а некои оставаат трајни траги во срцето и душата.

ispoved-nikogash-ne-me-udirashe-no-proagjav-niz-pekolot-01.jpg

Токму затоа се вели дека ниту еден човек не е остров сам за себе. Секој човек е дел од континентот, дел од копното. Секое човечко битие е мал но, незаменлив дел од човештвото. И како што вели Хемингвеј, не се прашувајте за кого бијат камбаните, тие бијат за оние кои го изгубиле патот, за оние нечујни самотници кои некако по грешка се одвоиле од континентот.

Во животот никогаш нема да бидеме целосно сами. Луѓето доаѓаат и си заминуваат. Некои остануваат подолго некои пократко. Некои речиси не ни забележуваме дека постоеле и биле дел од нашиот живот некогаш, а некои оставаат трајни траги во срцето и душата.

Некои траги се топли и благопријатни сеќавања, а некои остануваат како трајни рани и белези на душата. Траги кои со сигурност не учат на филозофијата на живеењето.

Неодамна една девојка решила да ја раскаже приказната за нејзините белези. Приказна која говори за најважниот и најсилен човеков однос, оној меѓу двајца сопатници кои ненадејно се сретнуваат и се сплотуваат во една душа и едно срце барем за миг. И што е поважно, како изгледа таа врска кога двете страни не се рамномерни. Кога наместо рамноправни страни, едната е жртва и роб, а другата робовладетел. Приказна за злоупотребата и тоа, онаа подмолната злоупотреба, која се провлекува незабележливо.

Еве ја нејзината приказна:

„Бевме пријатели речиси две години и сето тоа време се обидуваше да ме убеди да бидам со него. Откако ја раскина својата претходна врска, ми кажа како сака да биде со мене, како ме сака и сум му потребна.

Пред него никогаш немав долга и сериозна врска и посакував и ја да ја доживеам и искусам својата сопствена романса, но се двоумев бидејќи знаев дека има тенденција да избувнува. Секогаш потоа се извинуваше за тоа... По неколку месеци одговорив со Да.

Што следеше потоа, беше типичната „меден месец“ фаза на врската. Во тие мигови врската ни беше на далечина. Долго разговаравме на телефон. Беше грижлив и ме гледаше како да сум нешто најскапоцено.

Штом дипломираше, се запиша на истиот факултет како би можеле да поминуваме што е можно повеќе време заедно. Поголемиот дел од времето беше „залепен“ за неговиот компјутер. Деновите и времето надвор од училниците преминаа во рутина во која тој игра WOW а јас на неговиот лаптоп, Солитер.

ispoved-nikogash-ne-me-udirashe-no-proagjav-niz-pekolot-3.jpg

Ако му ја исмевав играта добивав викање, ако сакав да излезам и направам нешто спонтано со моите пријатели, не добивав дозвола. Тој мораше да игра и јас му требав затоа за него моето присуство беше „утешувачко“.

Престанав да одам на часови и воопшто не комуницирав со пријателите. Откако собрав храброст да му кажам што мислам за него, се опијани и викајќи ме направи најужасната девојка на светот. Потоа цел еден ден ме игнорираше со цел да ми покаже што значело да се биде „вистински игнориран“.

Престанав да се жалам и наместо тоа, се одлучив да му пишам порака во која ќе му објаснам како се чувствувам. За краток период откако му ја пратив пораката ми се јави еден наш заеднички пријател да ми каже дека испил цела кутија полна со таблети. Заборавив на мојот проблем и истрчав да го видам.

Лежеше на креветот и ми кажа дека мисли дека има срцев удар и како е лут на себе затоа што ме повредил. Сакав да викнам брза помош, но одеднаш почна да ме уверува дека ништо не му е. Призна дека не ја испил целата кутија и ме обвини мене и моите зборови за неговата тага.

Очајно се обидував да го смирам и започнав да се извинувам, да ги повлекувам сите мои зборови, да викам дека се е моја вина. Од тој миг натаму започна да се онесвестува тресе и паѓа секогаш кога ќе започнев да му се спротивставувам. Понекогаш зборуваше за себеси во трето лице. Ме обвинуваше дека не му верувам, дека не го сакам па дури и дека го изневерувам. Секогаш зборуваше дека не заслужува да живее.

ispoved-nikogash-ne-me-udirashe-no-proagjav-niz-pekolot-1.jpg

Посакував да ме удри. Така ќе ја преминеше линијата и со сигурност ќе ја прекиневме врската. За малку ќе раскинев кога за време на моето дипломирање излезе со друга и остана со неа до 2 часот наутро.

Знаев дека треба да раскинам, ама не знаев како. Раскинав по телефон. По 6 месеци повторно се сретнавме и за жал се одлучив за втора шанса затоа што знаев дека има потенцијал да биде добра личност. Овој пат траеше само три дена. Тоа беше доволно време за да се вратат старите навики и однесувања.

По второто раскинување ми се закани со самоубиство. Се јавив на мајка му и на пријателката која имала лично искуство со ваков тип на врска. Веќе знаев дека станува збор за психичка злоупотреба.

Секако ништо не се случи. Остана жив и се уште живее и веќе не е дел од мојот живот, но сеќавањата за него се уште ме прогонуваат. Сликата кога ме држи силно на кревет и не можам да се тргнам и стравот да не кажам нешто погрешно.

Поминаа 6 години. И сега можам реално да согледам се. Најтешко ми беше да си простам сама на себеси. Толку знаци и докази, а јас ги игнорирав.

Морав одново да научам која сум и што сакам. Поминав три години не искажувајќи го моето мислење. Страв ми беше да се расправам, да заземам свој став или воопшто да останам насамо со некое машко.

Верувам дека со времето станав подобра верзија на себеси. Станав помудра, посилна и со намера да го живеам мојот живот онака како што посакувам. Не сакам да бидам жртва.“

Знаците на психичка злоупотреба се често незабележливи и се јавуваат тивко. Се што забележувате е тагата и чувството на вина, чувство кое партнерот ви го наметнува. Збунети сте, се чувствувате како да газите на јајца. Ова е таков тип на злоупотреба кој не се јавува на почетокот на врската и чека да бидете длабоко навлезени во врската и вљубени. Зборуваме за психичко и емоционално злоупотребување кога едната личност манипулира на секаков можен начин со другата.

Некои знаци на ваква злоупотреба се: зачестени критики, засрамување и понижување, игнорирање, сарказам и екстремна љубомора.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg